Иванка Трамп има амбиции да стане претседател на САД
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2017
Иако многумина очекуваа Хилари Клинтон не успее да стане првата жена претседател на САД, но тој план го има Иванка, омиленото дете на актуелниот претседател Доналд Трамп. Екс сопругата на Доналд Трамп, Ивана во нејзината книга „Одгледувајќи Трамп“ тврди дека нејзината ќерка има шанси да ја оствари оваа амбиција
„За 15 години таа би можела да се кандидира за претседател, кој знае? Иванка, Прва дама? Попрво очекувам јас да станам Прва мајка“, вели Ивана Трамп.
Таа беше во брак со Доналд Трамп од 1977 до 1992 година и заедно имаат три деца, но се почнало да се распаѓа откако во нивниот живот влегла Марла Мејплс.
Трамп ја ожени Марла во 1993 година. Ивана и Доналд оттогаш повторно ги имаат затоплено односите. Таа вели дека разговараат барем еднаш неделно и дека го охрабрува да продолжи да користи Твитер.