Иванов до Столтенберг: Сум за ЕУ и НАТО, но не за договорот
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2018
Претседателот на Македонија, Ѓшрѓе Иванов, го прими генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Вила Водно и, спроед соопштението од кабинетот, истакнал дека поддржува интеграција на земјата во Алијансата и во ЕУ, но не преку преспанскиот договор со Атина.
„Верувам дека вистинското место на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО Алијансата. Ќе продолжам да ги поддржувам нашите стратешки цели. Ho, Европската Унија и НАТО во никој случај не смеат да бидат алиби за лош договор“ порачал Иванов на денешната средбата со Столтенберг.
Тој потенцира дека уште во 2008 година Република Македонија ги исполнила условите за членство во НАТО и сиве овие години активно придонесувајќи во меѓународните мировни мисии го заслужува членството во НАТО без дополнителни услови.
Шефот на државата додал дека Македонија придонесува за мирот во регионот и светот и дека уште пред десет години ги исполнува техничките услови за прием во Нато, како и тоа дека неговите обврски како Врховен командант на вооружените сили во однос на одбраната се завршени и дека АРМ ги исполни поставените задачи и успеала да се покаже како рамноправен партнер со армиите на земјите-членки на НАТО.
- Во таа насока, претседателот Иванов посочи дека го поддржа процесот на донесувањето на стратегискиот одбранбен преглед согласно препораките на НАТО советодавните тимови и дека новата стратегија, што е исклучиво ориентирана кон зачленувањето во НАТО, е изготовена, се вели во соопштението од кабинетот на македонскиот претседател.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.