19 Декември, 2025
0.1349

Иванов: Изборите беа демократски, мора да ја почитуваме волјата на граѓаните

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 15:52

Добивај вести на Viber

Претседателот Ѓорге Иванов повика на почитување на волјата на граѓаните изразена за време на предвремените парламентарни избори на 11 декември. 

„Ние немаме право да не ја почитуваме волјата на граѓаните и да создадеме услови за нови кризи. Едногласно мора да ја признаеме волјата на граѓаните изразена во демократски услови“, рече Иванов ден откако Државната изборна комисија ги објави прелиминарните резултати од изборите. 

Според тие податоци, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 мандати во 120-члениот парламент, а опозицискиот Социјалдемократски сојуз 49 пратенички места. 

„Треба да ги поздравиме граѓаните кои покажаа одговорност и излегоа масовно да гласаат. Во годината кога одбележуваме 25-годишнина од прогласувањето на независноста, покажавме демократска зрелост и потврдивме дека имаме капацитет да спроведеме слободни, фер и демократски избори“, истакна Иванов и ги поздрави сите учесници на изборите.

Шефот на државата потсети дека сите локални и меѓународни институции имаат признаено дека Република Македонија одржала демократски избори, а тоа се вклопува во однесувањето на една европска земја. 

Ѓорге Иванов вети дека веднаш по конституирањето на новото собрание ќе и врачи мандат на партијата, која ќе добие мнозинство и многу брзо потоа ќе биде формирана новата влада. 

Според него „со овие избори земјата го исполнила еден од клучните услови од Договорот од Пржино“ од минатата година и очекува ЕУ да покаже принципиелност во овој случај и да отвори пат за европската интеграција на републиката. 

„Верувам дека овие избори ќе стават крај на политичката криза и ќе се стави почетокот за постигнување на националното помирување“, истакна шефот на државата.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината