Иванов меѓу „чеканот и наковалната“: Каде се движи Македонија која некогаш беше оаза на мирот?!
Објавено во: Македонија 12 Март, 2017 09:01
Дали претседавачот на Советот на ЕУ Доналд Туск со изјавата дека е јасно оти Западен Балкан се дестабилизира и однадвор и одвнатре мислел пред се на Македонија не прецизирал, но јасно е дека земјава, три месеци по одржувањето од изборите, од кои се очекуваше излез од повеќегодишната криза, се подлабоко тоне во неизвесност.
Македонија, која беше пример за безконфликтно стекнување независност, и која во 2005 прати кандидат за членство во ЕУ речиси во исто време кога и Хрватска, веќе со месеци нема претседател на парламентот, нема влада во цел состав, а редовните локални избори не се распишани во рокот, бидејќи нема кој да ги распише.
Единствена институција која функционира е шефот на државата, Ѓорге Иванов, кој одбива мандатот за состав на влада да му го даде на лидерот на СДСМ, а клучна причина е албанската платформа, со која е условено коалиционото партнерство.
Она што Македонија во овој момент го има, секојднено, се протести кои ги организира граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, а против така наречената Тиранска платформа и двојазичност, односно легализација на албанскиот јазик како втор официјален јазик во земјава.
Синоќа наместо протести имаше музички настан.
Иванов така се најде помеѓу „чеканот и наковалната“-од една страна се барањата на граѓаните и личен став, а од друга страна притисокот на меѓународната заедница да му го даде мандатот на Заев.
Европската унија, имено, го потсети шефот на државата на јасен став на Могерини: Иванов мора да му го додели мандатот на Заев, кој со две албански партии, ДУИ и БЕСА, обезбеди парламентарно мнозинство од 67 од вкупно 120 пратеници.
Тоа, всушност беше одговор од Брисел на писмото на Иванов кој го упати тој со барање да се осуди и отфрли албанската платформа.
Брисел наведува дека ЕУ ќе инсистира на исполнување на сите точки од Пржинскиот договор и итни реформи кои Македонија треба да ги спроведе за да ја вратат на патот кон европските итеграции.
На сето тоа Заев, иако не го доби мандатот за состав на влада, претстави програма, како што рече на идната извршна власт, која, тврди, наскоро ќе биде формирана.
Нагласи покрај останатото, дека таа влада ќе предложи законски решенија со кои ќе се прошири употребата на албанскиот јазик, во рамки на Петтиот амандман на Уставот на Македонија, а дека за останатите елементи од платформата може да се разговара.
Од владечката ВМРО ДПМНЕ , веднаш стигна одговор дека албанската платформа е неприфатлива, бидејќи довела до тоа Македонците во својата земја да станат опозиција, а Албанците власт.
ВМРО ДПМНЕ смета дека најдобар пат за излез од актуелната криза е одржување на нови парламентарни избори.
Од Заев всушност се бара да се откаже од таканаречената Тиранска платформа, која ја дели земјата, и чии детали не и се баш познати на јавноста како што не се знае ни кои услови на Албанците Заев ги прифатил.
Ќе ги обелоденат, како велат, кога дојдат на власт.
Сето тоа ситуацијата во земјава ја прави уште посложена, што според оценките на многу аналитичари, државата тоне во се подлабок хаос.
Парадоксот е толку голем што се тоа се случува во земја која на почетокот на војните во екс Југославија во 1991 година е доживувана како „оаза на мирот“ и пример за бесконфликтно стекнување на независност, потоа успешно надминување на етничките судири во 2001 година.
И.С.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




