Во телефонскиот разговор, како што информираат од Кабинетот на Иванов, двајцата претседатели зборувале за актуелните политички случувања во двете земји, при што Иванов се заблагодарил за сета досегашна поддршка од Република Турција, и изразил уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји.
Иванов побрза да му честита на Ердоган уште пред официјална победа
Објавено во: Балкан 25 Јуни, 2018
Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа телефонски му ја честитал победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција и му посака успешно извршување на претседателската функција.