Ивановска: Се работи на случајот со Буши
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2023 10:47
Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, во емисијата „Утринска“ на Телма рече дека последен случај за висок корупционер на кој се работи е оној со преноќувањето на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши во Истанбул за 20.000 евра.
- Последен случај е оној за заменик министерот за внатрешни работи Буши и неговиот поклон од 20.000 евра, рече првата антикорупционерка, која потсети дека ДКСК „не е јавно обвинителство“, туку дека улогата на комисијата е превентивна.
Алијанса за Албанците до Државната комисија за спречување на корупција на крајот од минатата година поднесе пријава за сомневање за корупција против заменик министерот.
Пријавата е поднесена во врска со престојот на Назим Буши во луксузен хотел во Истанбул во октомври 2020 година, престој вреден десетици илјади евра но, според заменик министерот овој износ е платен од непознати лица, што претставува подарок што е во спротивност со позитивните прописи.
Ивановска во емисијата додаде дека досега не е контактирана од антикорупционери од САД, во пресрет на денешната посета на Скопје на собветникот Дерек Шоле.
Очекувам средба со амбасадорка, но не можам да кажам ништо за тимот. Не знам зошто не сме контактирани, прашањето треба да биде повеќе насочено кон нив, додаде Ивановска, која сепак рече дека очекува да има средба од некаков формат со претставници на САД.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




