19 Декември, 2025
0.0626

Ивица Боцевски: Сакам да сум татко, а не „родител x“

Објавено во: Македонија 11 Мај, 2021 10:18

Добивај вести на Viber

Поранешниот вицепремиер за европски прашања Ивица Боцевски на социјалните мрежи остро реагираше на воведувањето на термините родител 1 и родител 2 наместо мајка и татко, што според актуелниот амбасадор на Македонија во Бразил е рамно на „фундаментализам“
„Не знам зошто запнала оваа нова идеологија на "разбуденост" (веројатно така се преведува "woke" на македонски) да ме навредува лично и да ми одзема дел од мојот идентитет.

Јас сум татко, горд сум што сум татко на едно дете и сакам така да ме нарекуваат институциите. Немам никаков проблем доколку некој себеси сака да се самоопредели само како "родител" или како "родител х", но не ми го одземајте правото да бидам татко.

Лудиот, пак, аргумент дека зборовите "татко" и "мајка" некого навредуваат, па мора да ги бришеме од употреба се вон секој здрав разум и немам ни намера да влегувам со разно-разни будалетинки во расправии на таа тема.

Кон крајот на ХХ век се направија огромни исчекори во борбата за човекови права на многу порано маргинализирани и дискриминирани групи и тој прогрес на човештвото мора да се поздрави и да се заштити. Меѓу нашите семејни пријатели имаме брилијантни луѓе кои што се самохрани родители или истополови бракови кои што имаат прекрасни деца, но никогаш не сум искусил од нив било каков проблем со моето татковство или со било чие татковство и мајчинство, па навистина не ми е јасен овој "разбуден" фундаментализам“, порачува поранешниот креатор на јавното мислење.

Според поранешниот советник во кабинетот на екс-претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, оваа новина во просветата е креација на, како што вели тој, скопската елита без претходна дебата.

„Како и секоја помодарска будалаштина која што доаѓа од било која точка на земјината топка и ова добива карикатурална форма во моето Скопје. Самонаречената и самопрогласената скопска "елита" на некој чуден начин, и секогаш без вклучување на мозокот и без елементарна дебата, ги прифаќа овие претерувања како канон и догма, себеси се замислува како морален Монт Еверест и гледа со презир на останатиот "плебс". Тажно е и воопшто да се објаснува човек со нив колку се и морално и културни и човечки бедни. Но, здравје ...

Просветителството веќе два и пол века се бори против сите догми, предрасуди и фундаментализми, па сигурно ќе ја добие и оваа битка.

BTW, немам намера са си ги пишувам придавките и заменките во личните документи, а ни да им се обраќам на луѓето во трето лица множина. Нормално, ниту имам проблем со некој што одлучил тоа да го прави, а нема ни да го судам. Секој нека си живее со своите убедувања, но нека ме остават и мене да си живеам со моите убедувања“, додава Боцевски.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот