18 Декември, 2025
0.0578

iVote во 2014-15 издание на „Тајните на успехот“ на Европската Комисија

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2014 19:15

Добивај вести на Viber

iVote, водечката македонска ИТ компанија, лидер во регионот за изборни решенија, системи за електронска трговија и електронско учење е вклучена во 2014-15 издание на „Тајните на успехот“, брошура издадена од страна на Генералниот директорат за претпријатија и индустрија на Европската Комисија на Европската недела на мали и средни претпријатија 2014. Европската комисија е заинтересирана за успешни претприемачи со необични, инспиративни приказни што прикажале значајна стапка на раст, достигнувања и технолошки развој. iVote како иновативна компанија со препознатлив потенцијал за интернационална експанзија и раст, а воедно добитник на неколку престижни меѓународни награди и признанија, е поканета од страна на Џоана Дрејк, Директор на стратегијата за мали и средни претпријатија и заменик претставник на ЕУ ГД за претпријатија и индустрија на Европската комисија, да присуствува на Собранието на мали и средни претпријатија 2014 (En. 2014 SME Assembly) организирано од Италијанското претседателството на Советот на Европската унија, а во име на Европската Комисија, кое се одржува во Неапол, Италија од 01-03 октомври 2014 година. "Во сегашната економска ситуација, европските компании мора да го насочат своето внимание кон иновативност, продуктивност, ефикасност на ресурсите и висока додадена вредност, ако сакаат да останат конкурентни во глобалниот пазар и да одговорат на предизвикот на создавање нови работни места. Дигиталната транзиција во склоп на глобалната економија претставува клучна точка на трансформацијата на европската индустрија", изјави Антонио Таџани, потпретседател на Европската комисија, одговорен за индустрија и претприемништво. "Претприемачите се клучни за општеството затоа што се извор на иновации, производи и услуги со кои се создава богатство и се подобрува конкурентноста во економијата", изјави Љупчо Антовски, член на Управниот одбор и ко-сопственик на iVote. „Да се биде дел од брошурата „Тајните на успехот“ за 2014-15 година е огромно признание за нашата иновативност и посветена работа што ја покажуваат сите членови на iVote. Со оваа публикација iVote влегува во регистарот на европски иновативни компании од кои се очекува да ги постават идните претприемачки трендови во Европа“, изјави Гоце Арменски, член на Управниот одбор и ко-сопственик на iVote. iVote е водечка компанија специјализирана за технологии за модернизација на изборни процеси, системи за електронска трговија и електронско учење. iVote Demokra е платформа за управување со изборни процеси, изработена според најсовремени технологиии. Обезбедува високо ниво на безбедност и транспарентност во информацискиот менаџмент. До денес, повеќе од 116 милиони гласачи ширум светот и веруваат на Демокра технологијата.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?