Избегнувајте маски со вентил, еве зошто
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 01 Август, 2020
Претседателот на државата, Стево Пендаровски на Фејсбук објави статус во кој се објаснува зошто треба да се избегнува маска со вентил.
„Избегнувајте маски со вентил! Низ вентилот, кога издишуваме, во млаз се исфрлаат ситните капки коишто го содржат вирусот! Носете платнени маски (најдобро трослојни) за да се заштитите себеси и сите околу вас. Носете медицински маски ако имате: се грижите за лица болни од #COVID19, имате над 60 години, или хронично заболување“, стои во објавата.
Во Македонија уште не стивнува епидемијата.