29 Април, 2024
0.0471

ИЗБОР НА ВИЦЕГУВЕРНЕР: Богов ќе ја тестира новата Влада?!

Објавено во: Финансии 12 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во пакет со кадровските екипирања во новата Влада, деновиве во научно-банкарските кругови актуелно е уште едно прашање – кој ќе биде новиот вицегувернер. Темата за оваа атрактивна, а подеднаково и значајна позиција особено се отвори откако во јавноста се споменуваат познати имиња – како можни кандидати кои би се појавиле  на конкурсот за избор на вицегувернер. Уште поинтересно е како предлогот на гувернерот Димитар Богов, кој го ситни својот мандат, ќе биде пречекан од владеачкото мнозинство.

Официјално, се работи за Јавен оглас  за избор на кандидат за вицегувернер на Народната банка на Република Македонија.

“Кандидатот за вицегувернер треба да ги исполнува следниве критериуми: - да биде лице државјанин на Република Македонија и да има соодветна репутација; - да има најмалку високо образование, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование и соодветно професионално или академско искуство на полето на економијата, финансиите, банкарството или правото; - да не е должник во стечајна или ликвидациона постапка; - да не му е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност и - да не му е изречена споредна казна забрана за добивање дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, одземање на дозвола за основање и работа на банка или друга финансиска институција, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење дејност од областа на финансиите и банкарството“ – се наведува меѓудругото во огласот на НБМ.

Влијание и моќ на вицегувернерската позиција …

Изборот на нов вицегувернер следува откако истекува мандатот на еден од тројцата -Анита Ангеловска Бежоска. Таа според достапните информации  има деветнаесет години работно искуство, главно во областа на монетарната политика, макроекономската политика воопшто, фискалната политика и управувањето со јавните финансии. Во моментов, таа е вицегувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и е одговорна за областите монетарна политика, истражување и статистика. Таа е исто така член на Советот на НБРМ и заменик гувернер на РМ во Бордот на Меѓународниот монетарен фонд.

Седумгодишниот мандат на вицегувернерката Бежовска е на истек. Согласно Законот за Народна банка на Република Македонија вицегувернерите ги именува Собранието на Република Македонија, на предлог на гувернерот, за период од седум години, со право на уште еден последователен избор.

Според лиферуваните информации, очекувано е дека Бежовска ќе поднесе кандидатура за уште еден мандат, на кој има право според законските решенија. Дел од информациите во бизнис-научните кругови  упатуваат и на тоа дека се можни и други номинации. Во игра беше името на истакнат економист, кој за “Фактор“ вели дека е точно оти неговото име се поврзува со можна номинација, но тврди дека сепак, нема да аплицира. Се работи за личност која има долгогодишно економско – научно искуство, а досега не била директно поврзана со работата на Народната банка.

Познавачите коментираат дека најверојатно Бежовска ќе биде и новиот предлог за вицегувернер што ќе биде доставен до Собранието. За дел од економистите, оваа функција е значајна бидејќи преку неа се учествува во креирање на монетарната политика, која може да биде одлучувачка во одредените економски периоди.

“За вицегувернер треба да биде избрано лице со познавање на монетарнaта политика и лице кое не подлегнува на притисокот на фискалната власт. Само такво лице може да донесе промени во монетарната сфера. За спроведување на постојната монетарна политика не е неопходна ниту познавање од монетарна  област ниту јазична умешност “ – коментираат дел од економистите кои се залагаат за напуштање на моделот на фиксен курс на денарот.

“Промената на таргетирањето на курсот и ставањето на валутата во функција на обезбедување на економскиот раст, мора да бидат главните квалитативни алатки кои мора да ги познава новиот вицегувернер, доколку има намера да испорача позитивни резултати – велат дел од економистите.

Од НБМ во континуитет повторнуваат дека нема промена во определбата на фиксен курс на денарот.

Инаку, интересно е, дека согласно законот, вицегувернерите за својата работа одговараат пред Собранието на Република Македонија. Уште поинетресно е дека за оваа позиција номинацијата  до парламентраното мнозинство ќе ја испрати гувернерот Димитар Богов, кој практичко го ситни својот мандат, па оттука тој на некој начин ќе го избере вицерегувернерот што треба да биде дел од тимот на новиот иден гувернер. Доправа ќе се види како предлогот на гувернерот Богов ќе биде дочекан од владеачкото мнозинство.  Сега вицегувернерската “тројка“ ја сочинуваат Анита Ангеловска Бежоска, Фадил Бајрами  и Маја Кадиевска Војновиќ.

Д.А

Можеби ќе ве интересира

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита