18 Декември, 2025
0.0546

Избори во Италија: Можна е коалиција на Берлускони со Берсани?

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2013 11:37

Добивај вести на Viber

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони не ја исклучи можноста да биде во коалиција со неговите традиционални противници од левицата, пренесуваат италијанските медиуми.

„Италија не може да остане вез влада, сега е време да мислат каква корист од тоа ќе има Италија“, истакна Берлускони, при тоа отфрлајќи ја можноста за коалиција со центристите на Марио Монти.

Берлускони истакна дека Монти со својата „економска политика ја довел Италија во опасна ситуација“, како што е рецесија, затворање на илјада фирми и висока стапка на невработеност. Берлускони посочи и дека не е изненаден од исходот на изборите во Италија.

Коалицијата на левиот центар „Италија заедничко богатство“ (ИБЦ) на Пјер Лујџи Берсани победи на вчерашните општи избори во Италија со освоени 29,56 %од гласовите, пред блокот на десницата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони со 29,17 %, соопшти италијанската Централна изборна комисија по преброени 99,9% од гласачките ливчиња.

Според ваквите резултати, блокот на Берсани освои 344 од 630-те места во Долниот дом на италијанскиот Праламент, Претставнилкиот дом, што и гарантира стабилно мнозинство. Блокот на Берлускони освои 126 пратенички места, пред популистичката партија на комичарот Џузепе Грило, Движење Пет Ѕвезди (МЦС) со 109 мандати и коалицијата „Со Монти за Италија“ на актуелниот премиер Марио Монти, која ќе има 46 пратеници. Останатите три мандати ги добија три помали партии.

Но, за разлика од ова, во Сенатот ИБЦ освои 104 или 105 места, па и заедно со 17-те до 20 сенатори на блокот на Монти не ќе може да го обезбеди неопходното мнозинство од 158 мандати во 315-члениот Горен дон на Парламентот. Блокот на Берлускони може да очекува меѓу 113 и 123 сенатори, а МЦС на Грило меѓу 57 и 63 мандати

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“