ИЗБОРОТ НАПРАВЕН: Им судеше на Заев, Бучковски и Кежаровски, сега ќе суди за пoжарот вo „Пулс“
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2025 19:28
Откако Судот го прифати обвинителниот акт во целост, предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, согласно АКМИС-системот, е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот за Кривично полнолетни. Судијата Груевска Илиевска има 19-годишно судиско искуство во сите оддели на Основниот суд, како и претходни 17 години стаж како стручен соработник, што ја прави соодветен избор за постапување по овој сложен предмет, велат од Судот.
Илиевска е позната по повеќе високопрофилни случаи кои ги судела, како што е трагедијата кај Ласкарци, предметот „Сопот“, убиството на Ангел Петковски во Ѓорче Петров, но и случајот „Поткуп“ каде обвинет беше Зоран Заев.
Таа го осуди новинарот Томислав Кежаровски на 4,5 години затвор по што следуваа реакции од домашни и меѓународни здруженија на новинари и организации за заштита на слободата на мислата.

Таа го водеше и предметот во кој на експремиерот Владо Бучковски му се судеше за резарвните тенковски делови во АРМ.
Груевска Илиевска заедно со поранешниот претседател на Основниот кривичен суд Скопје, Владимир Панчевски не дозволуваше тогашното СЈО да истражи кој прислушувал, сеедно дали забранува истрага во телекомуникацискиот оператор или го кочи судењето за „Пуч“, a каде единствениот сведок што сакаше да го распита СЈО беше експремиерот Никола Груевски, кој тврдеше дека прислушувале странски служби во жолти комбиња.
Апелациониот суд Скопје во 2017 кога го врати случајот „Поткуп“ на повторно одлучување во Основниот кривичниот суд, најде и незаконско постапување од страна на судијката Диана Груевска Илиевска. Во овој случај беше обвинет поранешниот премиер и градоначалник на Струмица, Зоран Заев кој одговараше дека во својство на градоначалник на Општина Струмица од струмички бизнисменпобарал поткуп од 160 илјади евра, за градежно земјиште во Струмица.
Судијката Дијана Груевска Илиевска со новиот распоред на тогашниот претседателот на Основниот кривичен суд, Иван Џолев пред неколку години беше префрлена да суди во кривичниот оддел за полнолетни.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




