Избрана новата в.д претседателка на Кривичен-Таа ќе му суди на Груевски во случајот на СЈО
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2016 12:00
Судскиот совет денеска ги избра вршителите на должноста претседател на Врховниот и Кривичниот суд, откако им истекоа мандатите на актуелните претседатели Лидија Неделкова и Владимир Панчевски.
Како што пренесуваат медиумите судијката, Татјана Михајлова ќе застане на чело на Основниот суд Скопје 1, додека пак судијката Снежана Бајлозова е избрана за в.д претседател на Врховниот суд.
Татјана Михајлова е судијката која што треба да го води случајот кој го покрена Специјалното јавно обвинителство против поранешниот премиер, Никола Груевски .
Избирањето на редовните претседатели во овие две позиции е одложени поради изборите на 11 декември, затоа е донесена одлука овие две институции да имаат вршители на должноста до редовните избори или привремени претседатели.
Освен Панчевски, кандидати за претседател на Кривичниот суд беа и Владимир Туфекџиќ и Иван Џолев додека за претседатели на Врховен освен актуелната претседателка Лидија Неделкова беа и поранешниот претседател на судот, Јово Вангеловски и судијките Снежана Бајлозова и Беса Адеми.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




