02 Мај, 2024
0.0246

Издиша балонот „Инвестирајте во Македонија“

Објавено во: Економија, Колумни 21 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Ова со ДИК, личните карти и фантомските гласачи, многу незгодно. Толку го изместија лидерот, што веќе скоро цел месец никаде го нема  да најави нова странска инвестиција. Максимум за што може да зборува и тоа само пред своето членство и на своите медуми е како ги раскрчмил позајмените пари, за кои нема визија како ќе ги враќа. Имено, ланската канонада од најави на 30-тина компании заинтересирани да вложат во земјата веќе никој не ја ни споменува. За волја на вистината, лидерот срамежливо ќе каже дека ситуацијата во земјата е причината зошто странците го одложиле донесувањето на одлуките за инвестирање. Како да е само тоа проблем? Но, не е така. Проблемот е што и владејачката партија и нејзиниот лидер тоа добро го знаат, но никако не сакаат да го признаат. И покрај сериозни контра аргументи, лидерот се‘ уште тврди дека проектот за привлекување на странски инвестиции е еден од најуспешните проекти на владата. Неговото фијаско не може да го види дури ни во контекст  на катастрофалното неостварување на првичната, а за гласачите привлечна, идеја за привлекување на 8,5 милијарди евра странски инвестиции. Го игнорира  трендот на намалување  на странските директни инвестиции во последните неколку  години, и покрај огромните погодности и олеснувања што им се одобруваат на странските инвеститори. Не сака да види дека вложувањата на странците, не само апсолутно, туку и релативно се значително помали  во споредба со приливот на странски вложувања во соседните земји. Само Босна и Херцеговија има помал прилив на странски инвестиции по жител од Македонија (БиХ-83 долари, а Македонија само 182 долари).  Албанија има привлечено  за 2,4 пати повеќе, а Црна Гора дири  за 4 пати повеќе. Дури лани се „истурка“ стапка на раст од 3,7% со странските кредити за автопатишта и тоа при најмали странски вложувања. Очигледно е дека се работи за веќе провиден PR концепт со кои се обезбеди „димна завеса“  за несметано и неконтролирано трошење на буџетските средства. Грижата на совест ја симнува со бројните патувања  во рамките на проектот „Инвестирајте во Македонија“ и во ветувањето и изградбата на илјадници проектчиња, за да покаже дека гради. А никојпат не даде сметки колку изграденото ги оправдува потрошените средства, за да ги симне сомневањата за нерационално трошење и коруптивни  постапки и однесувања  на носителите на власта. Денеска слободно може да се каже дека потпирањето  на развојот врз идејата за привлекување на над 8 милијарди евра странски директни инвестиции беше катастрофално по развојот на Македонија, бидејќи сите карти беа ставени  на странците, а домашниот бизнис беше ставен на маргините од интересот на власта. Меѓутоа, странците не дојдоа во очекуван број и со очекувани средства. Од 2009, кога беше  најавена намерата за привлекување на силните милијарди, до крајот на минатата година (за седум години) во земјата пристигнаа едвам   1,37 милијарди евра.  А само во 2007 и 2008 година во земјата странците инвестираа над 900 милиони евра.  Износите од овие две години (506 и 400 милиони евра) не само што не се остварија до денеска туку  имаат тренд на намалување, особено изразен во последниве три години. Во 2013 година беа вложени 252 милиони евра странски средства, во 2014 -205 милиони и во 2015 година само 157 милиони евра. Дури и очекуваниот прилив за годинава од околу 270 милиони евра  не го надминува највисокиот износ во периодот од споменатите седум години од 344 милиони евра остварен во 2011 година. Веќе никој не треба да се убедува дека се сруши концептот за развој на Македонија со туѓи средства. Тоа, впрочем, никому не му пошло од рака, а најмалку може да успее кај нас, како мала и недоволно развиена земја. Крајно време е да се конципира и изгради стратегија на долгорочен развој која ќе се  потпира, пред се‘, врз сопствени сили, а странските вложувања да бидат од дополнителна помош. Нивното фаворизирање  уште повеќе ќе ги влоши состојбите во економијата. Истрајувањето на концептот за развој со странски вложувања, очигледно, овозможи од една страна, комотно трошење на сопствените извори на средства за тековна потрошувачка во земјата и од друга страна, кога се виде дека тие не ги даваат очекуваните резултати, изнудија изнтензивно задолжување на државата. Сервисирањето на долговите веќе станува и пречка за динамизирање на растот, бидејќи отплатите на долговите (ануитетите) во БДП го надминуваат неговиот раст. Илузијата дека во странските вложувања е спасот се распрскува со податоците кои се земаат како нивен неспорен придонес во развојот на економијата. Повеќе пати се слуша дека извозот од ТИРЗ-овите веќе достигнал 1,5 милијарди евра. Тоа е веројатно точно (статистиката не ги презентира) бидејќи ги изнесуваат владини претставници. Меѓутоа, не се кажува дека извозот во измнатите пет години во евра пораснал само за околу 800 милиони евра. Тоа кажува дека за 700 милиони евра е намален извозот од домашните бизнисмени. Состојбата е уште полоша ако извозот се пресметува во долари (поради апрецијацијата на доларот во однос на еврото). Во споменатиот период извозот во долари  стагнира. Во 2015 година извозот изнесуваше 4.5 милијарди долари колку и во 2011 година. Тоа значи дека домашните бизнисмени го намалиле извозот за речиси 1,5 милијарди евра. Точен е и податокот дека е подобрен степенот на покриеност на увозот со извоз. Меѓутоа, тоа не е направено со пораст на извозот, туку со намалување на увозот. А тоа веројатно наскоро и ќе се почуствува во потрошувачката на странски стоки. Можеби дури тогаш ќе почне да се размислува како да се зголеми извозот и од страна на домашните бизнисмени, ако дотогаш постојат такви кои и натаму ќе бидат извозно ориентирани. Да не забораваме, досегашната  фискална и монетарна политика како да беа кроени систематски да го уништуваат домашното производство за извоз. Компензација се очекуваше од странските директни инвестиции и од зголемување на јавниот долг. Но, таа се изјалови, затоа што се работи за погрешна стратегија од која бенефит единствено видоа малкуте во власта.    Останатите, остануват да бидат неми сведоци на издишаниот балон  „Инвестирајте во Македонија“. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?