Добивај вести на Viber
Ќе биде ли оваа 2012 та реприза на кризната - 2009 та, кога салдото на странските инвестиции достигна рекордно најниско ниво во последните пет години. Податоците за странските вложувања не навестуваат оптимизам. Заклучно со јули, вкупните директни инвестиции изнесуваат 99,2 милиони евра или во споредба со лани, кога нивото изнесуваше 207,2 милиони евра, сега има целосно преполовување на странските директни инвестиции. Анализата на “ Фактор “ покажува дека во последните пет години најслаба инвестициска година беше 2009 та , а сега судејќи според темпото на влез на странски инвестиции, и 2012 та е на чекор до инвестициско “ фијаско “ .
ВРЕДНОСТ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ
- 2007 506,0 милиони евра
- 2008 399,9 милиони евра
- 2009 145,0 милиони евра
- 2010 159,1 милиони евра
- 2011 303,5 милиони евра
- 2012 ( I-VII) 99,2 милиони евра
Во обид да обезбеди инвеститори Владата продолжи онаму каде што лани застана со популарното “Роуд-шоу“ во странство и со одлуки за основање на нови Слободни Економски Зони - дома. Според податоците од Дирекцијата за Слободни Економски Зони од првично најавените 11, некои од нив сеуште чекаат формално-правна одлука за основање. На терен, пет економски зони се во изградба, а оперативни или во функција се само три зони и тоа Бунарџик 1, Бунарџик 2 и зоната во Штип.
“Во моментов во трите економски зони се присутни овие инвеститори : Џонсон Контролс – Македонија , Џонсон Контролс- Штип , Џонсон Мети, Кемет Електроникс, Текнохозе , Протект Груп, ВанХол, Мадрсан Груп и Фибер , и сите тие заедно носат инвестиции од 200 милиони евра. Од овие планирани и очекувани инвестиции – до сега се реализирани 140 милиони евра. Во отворените фабрики работат 1 150 лица , но се очекува бројот на вработени во овие капацитети да се зголеми на 3 500 луѓе“ велат за ФАКТОР од Дирекцијата за слободни Зони.
Од таму посочуваат дека работењето на фабриките веќе дава резултати - извозот од ТИРЗ Скопје 1 лани претставуал 16,3% од вкупниот извоз на земјава.
ИЗГРАДЕНИ ЗОНИ :Бунарџик 1 , Бунарџик 2 , Штип
ВО ТЕК : Кичево – се градиТетово – се бара концесионер за менаџирањеПрилеп – се бара концесионер за изградба на дел од ифраструктуратаГевгелија – се бара концесионер за изградба на дел од инфраструктуратаРаковце – фаза на потпишување на Договор за проектирањеСтруга – завршна фаза на прокетирањеРадовиш – истражувања на терен (геомеханички и хидролошки )
Државата уште во стартот, при изградба, учествува во изградбата на инфраструктурата: електрична, гасна водоводна и патна инфраструктура. Дали овој концепт ќе ги даде очекуваните резултат? Експертската јавност е поделена. На една страна се економистите и бизнисмените кои сметаат дека моделот ќе има ефекти, потоа оние кои укажуваат дека концептот е “дискриминаторски“за домашниот капитал, до тие што укажуваат на опасноста од одлевање на капиталот во оној момент кога ќе завршат државните бенефиции и субвенции за странските инвеститори. Според одредени владини пресметки, државата во изградба на Слободните Зони до сега инвестирала 300 милиони ерва. Вкупната инвестиција, пак, на фирмите што инвестираа во изградба на фабрики изнесува 200 милиони евра.
КОИ ПОВОЛНОСТИ ИМ СЕ НУДАТ НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ:
- ослободување од плаќање на ДДВ- ослободување од плаќање на Персонален Данок ( период од 10 години)- ослободување од плаќање на Данок на добивка ( период од 10 години )- ослободување од плаќање на царини и други давачки. Д.А.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.