Изет Меџити: Апсењето на Гури е за дефокус и притисок
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2023 18:07
Изет Меџити, лидерот на „Огнената група“ која излезе од ДУИ и ќе формира нова партија, апсењето на Исмет Гури во интервјуто за ТВ24 го нарече „дефокус и притисок“.
Гури денеска е донесен во Основниот кривичен суд Скопје каде што ќе треба да се одлучи дали ќе му биде доделен притвор. Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи во Скопје е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за која соопштија утрово од Обвинителството, но истовремено кога беше разрешен беше член на „Огнената група“.
Од Обвинителството велат дека со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.
- Нема да навлезам во предметот, но тајмингот е избран за дефокусирање и притисок. Веќе не можам да го препознаам ДУИ. Стана симбиоза на тоа што беше режимот на Груевски и Тачи. Со разрешувањата и диференцирањата мислат дека ќе внесат страв и дека никој нема да го искаже своето мислење, но тоа ќе им се врати како бумеранг, рече Меџити.Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




