Добивај вести на Viber
Во големиот пожар синоќа изгоре фабричкиот погон од фирмата “Техно абразив“ во Кратово. Според првичните информации податоци од Министерството за внатрешни работи, пожарот избил во 17 часот во погонот за производство на брусни флексови.
Со оглед на тоа што пожарот избувнал по завршувањето на работно време, нема повредени. Притоа огнот први го забележале жителите на селото Железница кои веднаш почнале да го гасат по што пристигнала и противпожарната единица на Кратово.
Причинета е голема материјална штета, а денеска полицијата ќе врши увид на местото на пожарот.