11 Април, 2025
0.0746

ИЗГРАДЕНИ 650 МЕТРИ ОД БУЛЕВАРОТ „ВИДОЕ СМИЛЕСКИ-БАТО“ ВО ТЕТОВО - остануваат уште 1.783 метри да се комплетира

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 14:24

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и други државни функционери денеска направија увид во изградениот дел од новото продолжување на должината на булевар „Видое Смилески-Бато“ во Тетово. Изминатите неколку месец оваа делница се прошири за 650 метри од вкупно предвидени 1783 метри во правец кон населеното место Порој.

Градоначалникот на Тетово, Касадми посочи дека се работи за инвестиција од околу 1,1 милиони евра што предвидува асфалтирање на околу 700 метри должина со сите пропратни инвестиции, канализација, фекална и атмосферска, осветлување, тротоари, зеленило.

- Ова е еден најголемите проекти за Општина Тетово, со што ние навестуваме дека во оваа година уште поинтензивно ќе продолжиме заедно со нели поддршка на Владата, ќе продолжиме да инвестираме во подобрување на целата инфраструктура на општина Тетово, изјави Касами.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, рече дека за него е големо задоволство што може да присуствува на нов настан, важен за градот и за сите граѓани во Полошкиот регион, кои ќе имаат корист од овој проект. Тој посочи дека ова е пример дека неселективно Владата доделува средства за општините.

- Нешто што порано можеби изгледаше невозможно, со напорната работа на градоначалникот, со напорната работа на советниците, на администрацијата, на пратениците — овој проект конечно доби своја димензија и форма. Јас сум уверен дека овој настан ќе ги доближи работите. Она што можам да го кажам и повторно да го нагласам е дека до овој момент се пријавени околу 416 проекти од 56 општини во рамки на Министерството за локална самоуправа за финансирање на втората фаза. 

Оваа влада ги релоцира средствата од буџетот кон општините кон сите општини — без разлика дали градоначалникот е од редовите на оваа влада, од опозицијата или е независен. Нови 15 милијарди денари, кога ќе се додадат на претходните 6 милијарди од првиот повик, значи вкупно 21 милијарда денари, истакна Мицкоски.

Министерот за животна средина Изет Меџити, посочи дека Министерството за животна средина учествуваше во изградба во рамките на бројните проекти што ги поддржува низ целата земја.

- Ова е еден од главните сообраќајни правци и за преоптоварениот сообраќај за Тетово, така и во визуелниот аспект, бидејќи ваков булевар со највисоки стандарди го прави Тетово подобар град за живеење, рече Меџити.

Мицкоски информираше дека формирана е работна група од македонска страна и од косовска страна којашто ќе работи на патниот правец којшто Тетово треба да го поврзе со Призрен. 

Фото: Влада.мк

Можеби ќе ве интересира

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ДВЕ ЛИЦА ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Обвинителство за останатите бара продолжување на мерките

ЕДНО ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО И ДВЕ ЛИЦА ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР: Обвинителство за останатите бара продолжување на мерките

ТРИ ЛИЦА КОИ СЕ ЛЕКУВАА ВО БУГАРИЈА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: во тамошните болници има уште пет повредени во пожарот во Кочани

ТРИ ЛИЦА КОИ СЕ ЛЕКУВАА ВО БУГАРИЈА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: во тамошните болници има уште пет повредени во пожарот во Кочани

„НЕ ВИДОВ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ВАЊА“: Александар со детали за потрагата и за имотот кој требало да им го препише на девојчињата

„НЕ ВИДОВ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ НА ВАЊА“: Александар со детали за потрагата и за имотот кој требало да им го препише на девојчињата

Затворена спортска сала во Струга поради небезбедност

Затворена спортска сала во Струга поради небезбедност

ДИСКА, НОЌНИ КЛУБОВИ, КАБАРЕА, ГОСТИЛНИЦИ, РЕСТОРАНИ, КАФЕ БАРОВИ - за три недели заработиле казни од 530 илјади евра

ДИСКА, НОЌНИ КЛУБОВИ, КАБАРЕА, ГОСТИЛНИЦИ, РЕСТОРАНИ, КАФЕ БАРОВИ - за три недели заработиле казни од 530 илјади евра

Се подготвува интерпелација за Тошковски поради селективна истрага

Се подготвува интерпелација за Тошковски поради селективна истрага

ДЕРАТИЗАЦИЈА МУ Е МАЈКАТА: Глувци во училиште во Бутел, министерката им го кажа решението на проблемот

ДЕРАТИЗАЦИЈА МУ Е МАЈКАТА: Глувци во училиште во Бутел, министерката им го кажа решението на проблемот

МВР упадна и заплени канабис во фабрика во Гостивар

МВР упадна и заплени канабис во фабрика во Гостивар

„САКАВ ДЕЦАТА ДА СЕ ОБЛЕЧАТ ТОПЛО БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН БЕШЕ НАЈАВУВАН КАКО НАЈСТУДЕН“ - Таткото на Вања: Сакав да ги носам со кола, ама Зорица ми велеше да не ги галиме

„САКАВ ДЕЦАТА ДА СЕ ОБЛЕЧАТ ТОПЛО БИДЕЈЌИ ТОЈ ДЕН БЕШЕ НАЈАВУВАН КАКО НАЈСТУДЕН“ - Таткото на Вања: Сакав да ги носам со кола, ама Зорица ми велеше да не ги галиме