16 Јануари, 2025
0.2355

Изјавата на таткото на убиениот Ангел се совпаѓа со вештачењето на лекарите

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Според  вештаците од судска медицина и најбрза реакција на лекарите немало да го спаси матурантот Ангел Петковски од смртта, момчето кое се здоби со убодна рана во градниот кош нанесена од страна на Насер Ештрефи.

Инцидентот во кој момчето Ангел почина од убодната рана се случи во мај минатата година во скопската населба Ѓорче Петров

Според вештачењето, убодната рана била длабока 14 сантиметри и на младото момче му ги расекло меѓуребрените мускули, десното белодробно крило , десната предкомора на срцето и дел од аортата.

Оваа смртоносна повреда предизвикала масивно крвавење кое било многу брзо и според доктор Горан Павловски од Институтот на судска медицина, момчето не можело да се спаси и со најбрза реакција на лекарите.

Освен оваа рана, на телото на Ангел имало расекотина на стомакот и нагмечувања. Изјавата на таткото на Ангел Петковски се поклопува со вештачењето што го направиле лекарите, додека објаснувањето на осомничениот Ештрефи за настанот воопшто не било возможно.

Осомничениот пак имал телесни повредни нагмечувања и крвни подливи кои не биле опасни по неговиот живот.

На Институтот на судска медицина се вештачеле два предмети кои биле подгинати од местото на инцидентот, дрвен стап и косир, односно мало секирче со рачка, предмет којшто досега не беше споменат во судската постапка. Бил вештачен и пендрек кој не бил подигнат од лице место, но вештакот не можеше да прецизира дали повредите на грбот на осомничениот биле нанесени со дрвен стап или со пендрек.

Според обвинението, инцидентот се случил откако обвинетиот Насер на 19-ти мај минатата година го украл велосипедот од семејната куќа на Петковски во Ѓорче Петров. Таткото и синот тргнале кон крадецот и му го блокирале патот да не побегне кон мостот.

Обвинетиот извадил нож со едностран сечивен дел и замавнал двапати кон Ангел нанесувајќи му убодна рана на десната страна на градниот кош. Таткото на Ангел потоа го нападнал осомничениот со дрвен стап, по што обвинетиот избегал.

Таткото заедно со повреденото момче се упатиле до Европската очна болница да побараат медицинска помош, но момчето почина. По убиството на матурантот во скопската населба имаше протести коишто ескалираа па имаше и повредени и приведени.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

„БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЗНАМ ОСТАНА ПРЕДИЗБОРНА ФАРСА“: Левица остро за измените на Законот за јавни набавки

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДИШЕМЕ ТОКСИЧЕН ВОЗДУХ, НАСЕКАДЕ ИМА ДЕПОНИИ: Што е со храната која се произведува на наше тло?

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ДОАЃА РАЗВЕДРУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО, А ПО 20 ЈАНУАРИ, НОВ СЕВЕРЕН СТУД: Еве ја прогнозата на Попоски

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ОСМАНИ ЗАМИНА ВО ИСТАНБУЛ: Таму ќе биде дел од најнапредните центри на лапароскопска и роботска абдоминална хирургија

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ЈАВНОСТА НЕ МОЖЕ ДА ИМА ДОВЕРБА ДЕКА И ПОНАТАМУ НЕ СЕ ПРИСЛУШУВА: Калајџиев за пресудата во која Јанкулоска беше ослободена од вина

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села