19 Декември, 2025
0.0405

Изнуда на пари и рекет од 250.000 евра за тендер во РЕК Битола: Опозицијата тврди дека е вмешано и лицето Вице

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2021 15:31

Добивај вести на Viber

Васко Ковачевски, актуелниот директор на ЕСМ, а поранешен директор на РЕК Битола се обидел да изнуди пари од сопственикот на фирмата Рубитон од Битола, а за тоа имал помош и од Вице Заев. Случајот е од 2018 година, а за да биде уште поскандалозен, пријавата од сопствениците на компанијата доставена до Обвинителството за организиран криминал и корупција била фалсификувана и од неа биле мистериозно извадени делови во кои се споменувало лицето Вице. Овие обвинувања денеска на брифинг ги изнесе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој презентираше две фотокопии, двете пријави до Обвинителството, но во едната, како што вели, се исчезнати делови од исказот на пријавителите во кои детално објаснуваат за врската со лицето Вице, лице кое таму е напишано како Вице Н ( н.з. непознато презиме). По брифингот веднаш реагираа од РЕК Битола, од каде соопштија дека за случајот Рубитон, се кријат лукративни причини и на економскиот оператор и на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, сопствениците на фирмата Рубитон се во блиски роднински врски со поранешен директор на РЕК Битола од времето на владеење на ВМРО – ДПМНЕ. Само во периодот 2015 година – 2018 година оваа фирма од РЕК Битола наплатила над 370.000.000 денари за ископ на јаловина.


Мицкоски вели дека аферата е за изнуда на рекет средства од компанијата која била добитник на тендер за ископ во Суводол, рудникот на РЕК Битола. Фирмата Рубитон го добила тендерот по што, како што тврди Мицкоски, Васко Ковачевски, тогашниот директор на РЕК, го контактирал сопственикот на компанијата добитник Драган Василев и на средба во хотел Епинал во Битола го принудувал да додели 50 отсто од работата на компанијата СВ Инвест на Столе Чифлигароски.Наредниот ден се одржала средба меѓу Ковачевски, Василев, Радивчев и Столе Чифлигаровски (сопственик на „СВ инвест“) во менувачницата „Саат кула“ во Битола каде на „Рубитон“ им е понудено да добијат само 1 отсто од бизнисот, а 99 проценти да земе „СВ инвест“. Василев и Радивчев биле убедувани дека тоа законски е можно, дека тоа го правеле и порано само со нотарски заверена изјава.   


Сепак Василев се консултирал со адвокат кој му рекол дека е незаконски да се предава дел од добиената работа и му рекол на Ковачевски дека сака да се откаже. По тоа, Ковачевски наводно организирал средба со Вице Заев во Струмица, во хотел Парк, но средбата се откажала, а Вице Заев ги контактирал сопствениците на компанијата и им рекол дека ќе го испрати Горан Крстев од Тотал Инжинеринг. Тој Горан, рече, Мицкоски е истиот кој бил амнестиран заедно со Зоран Заев за „Глобал“. Побарувањата биле Рубитон да ја сработи работата, а 250.000 евра да му припаднат на Вице Заев како кеш, а таа сума била многу поголема од можната заработка.

„Сопствениците на Рубитон на повиците на Крстев не се одзивале, по што Вице им се заканува дека ќе ја загубат работата. По низа лавиринти, компанијата ја губи работата од РЕК и трпи штета од 30 милиони денари, за што своевремено ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше јавно на прес-конференции за насилно внесување на фирмата СВ Инвест во комбинатот.Воедно и предупредувавме на фамозната Вила парк, каде што Вице Заев го собираше рекетот. Случајот оштетените го пријавуваат во полиција, по што се изготвува пријава до ОЈО потпишана од Лазе Велковски. Мистериозно, на веќе еднаш потпишана изјава, исчезнува делот каде се споменува Вице Заев. Што е дополнителен скандал и говори за спрега меѓу ОЈО и Рускоска, МВР и Лазе Велковски и кадрите на Оливер Спасовски. Случајот е ставен во фиока, рече денес Мицкоски.


Од АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола веднаш реагираа со демант. Велат дека во повеќе наврати соопштиле дека договорот со фирмата Рубитон која ископувала јаловина (земја) во рудникот Суводол, е раскинат од страна на РЕК Битола на 07.11.2018 од причини што Рубитон не го вршел ископот со динамика и количини предвидени во договорот, за што постоеле записници и други релевантни документи од стручните служби на РЕК Битола.

„Заради раскинувањето на договорот за работа во РЕК Битола, фирмата Рубитон има поведено судски спор пред надлежен суд чиј епилог го очекуваме. Во оваа прилика, сакаме да изразиме сомнеж дека зад континуираните напади на опозициската партија кон РЕК Битола, конкретно за случајот Рубитон, се кријат лукративни причини и на економскиот оператор и на политичката партија. Имено, сопствениците на фирмата Рубитон се во блиски роднински врски со поранешен директор на РЕК Битола од времето на владеење на ВМРО – ДПМНЕ. Само во периодот 2015 година – 2018 година оваа фирма од РЕК Битола наплатила над 370.000.000 денари за ископ на јаловина. Сите документи поврзани со случајот Рубитон се наоѓаат и кај судските инстанци и во РЕК Битола. Јавноста, па и лидерот на опозициската партија се добредојдени да ги разгледаат, стои во демантот.  

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот