ИЗОЛИРАНИ СЕ ВО МОТЕЛ: На јужната граница се заразиле чешки полицајци
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 07 Септември, 2020
Чеси се заразиле со коронавирусот во Македонија.
Дванаесет чешки полицајци кои работеле на македонско-грчката граница се заразени со коронавирусот.
Странските државјани кои во Гевгелија се заразиле се полицајци од Чешка кои работат на обезбедување на македонско-грчката граница.
Ова го соопштија од Министерството за здравство.
„Сите се изолирани во карантин во мотел “, велат од Министерството за здравство.
Ниту еден од нив немал симптоми, но на тестирањата тие биле позитивни. Во изолација се ставени сите нивни колеги со кои биле во контакт.
Полицајците се подготвувале да се вратат во Чешка, но сега ќе мора да останат во изолација.
Досега во Македонија над 600 луѓе починаа од коронавирусот.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.