28 Октомври, 2024
0.0328

Израел го нападна Иран

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Израелската армија синоќа го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во таа земја, пренесе Ројтерс.

Серија експлозии се слушнаа во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

Во контролирана експлозија, израелската армија уништи залиха оружје... Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Иранската револуционерна гарда, исто така објави за експлозиите.

Пред почетокот на нападот Белата куќа била информирана за акцијата на израелската армија. Властите во Техеран најавуваат одговор на израелскиот напад.

Висок претставник на американската администрација изјави за Ројтерс дека Израел нападнал воени локации во Иран како пропорционален одговор на претходните напади од Техеран, со мал ризик од цивилни жртви.

„Ова треба да биде крај на директната размена на оган меѓу двете земји“, рече американскиот функционер, истакнувајќи дека САД имаат повеќе директни и индиректни канали на комуникација со Иран за време на кои јасно ја кажаа својата позиција.

Иран утрово објави дека неговиот систем за противвоздушна одбрана успешно се спротивставил на израелските напади, но дека има „ограничена штета“ на одредени локации.

Иранската воздушна одбрана соопшти дека Израел нападнал воени цели во провинциите Техеран, Кузестан и Илам.

Израелскиот јавен сервис утринава објави дека операцијата против Иран е завршена по три бранови удари.


Можеби ќе ве интересира

НАСКОРО НОВИ ПРОМЕНИ НА АЕРОДРОМИТЕ? Еве што се тестира во САД

НАСКОРО НОВИ ПРОМЕНИ НА АЕРОДРОМИТЕ? Еве што се тестира во САД

Овде киријата не е променета 500 години - има три услови за да може да живеете таму

Овде киријата не е променета 500 години - има три услови за да може да живеете таму

ВО ГРУЗИЈА ИЗБРОЈАНИ ГЛАСОВИТЕ! Завршува ли борбата меѓу владејачката Грузиски сон и опозициските сили

ВО ГРУЗИЈА ИЗБРОЈАНИ ГЛАСОВИТЕ! Завршува ли борбата меѓу владејачката Грузиски сон и опозициските сили

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА - дете погодено во глава со куршум додека се возел во семејниот автомобил - напаѓачите избегаале

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА - дете погодено во глава со куршум додека се возел во семејниот автомобил - напаѓачите избегаале

„ВИДЕО ИГРИТЕ НИ ГИ УНИШТУВААТ ДЕЦАТА!“ Соседите од Тутин проговорија за девојчето (13) кое ја уби сопствената сестра (7) во Германија

„ВИДЕО ИГРИТЕ НИ ГИ УНИШТУВААТ ДЕЦАТА!“ Соседите од Тутин проговорија за девојчето (13) кое ја уби сопствената сестра (7) во Германија

„НИКОГАШ ПРЕТХОДНО НЕ БЕВ НА ТАКВО МЕСТО...“ Принцот Вилијам се присети на еден детал од животот

„НИКОГАШ ПРЕТХОДНО НЕ БЕВ НА ТАКВО МЕСТО...“ Принцот Вилијам се присети на еден детал од животот

Путин: Ќе одговориме доколку на Украина и се дозволи да изврши напади со долг дострел врз Русија

Путин: Ќе одговориме доколку на Украина и се дозволи да изврши напади со долг дострел врз Русија

НА ПРАГОТ ПРЕД КАТАСТРОФАТА?! - Прв пат светот се соочува со 4 војни во исто време

НА ПРАГОТ ПРЕД КАТАСТРОФАТА?! - Прв пат светот се соочува со 4 војни во исто време

Почина Зе Карлос, фудбалерот од генерацијата на Бразил од СП 1998

Почина Зе Карлос, фудбалерот од генерацијата на Бразил од СП 1998