Израел мобилизира уште 10.000 резервисти
Објавено во: Свет 21 Август, 2014 19:29
Министерството за одбрана на Израел побара денеска од владата да мобилизира до 10.000 резервисти да ги заменат други резервисти на бојното поле, или во цивилната одбрана, кој се пратени дома на одмор јавуваат израелските медиуми.
Владата ја одобрила оваа мерка откако рано утрово во израелскиот воздушен напад на југот од појсот Газа се убиени тројца командири на военото крило Хамас и таа исламистичка организација се заканила со одмазда.
Израелската војска денеска попладне објави видео снимка од тој удар. Вкупно 86.000 резервисти се мобилизирани од почетокот на судирите 8 јули.
Многу од нив ја замениле редовната војска на другата палестинска територија на Западниот брег, која се премести на границата со Газа.
Некои резервисти исто така заземале позиција околу Газа.
Израелската војска исто така соопшти дека повеќе од 300 ракети се исфрлени на Израел од вторникот попладне, кога пропаднал привремениот прекин на огнот и се запрени преговорите за трајно смирување.
Водачот на Хамас Калед Машал, кој живее во егзил, изјави денеска во интервју за турската новинска агенција дека Хамас ќе продолжи да се бори додека Израел не ги исполни условите на таа организација за трајно примирје.
Тој исто така го обвини Израел за „холокауст“ во Газа повторувајќи го она што „Хитлер го направил пред повеќе години“, како што пренесуваат израелските медиуми.
Можеби ќе ве интересира
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица




