ИЗРАЕЛ ПОТВРДИ ДЕКА Е УБИЕН ЈАХЈА СИНВАР: Махмуд Абас свика итен состанок
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2024
Израел официјално потврди дека е убиен лидерот на палестинската терористичка група Хамас, Јахја Синвар.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац потврди дека лидерот на Хамас, Синвар е убиен. Тој е убиен во операција на израелската армија во Појасот Газа.
„Тројца терористи се елиминирани“ при операции на палестинска територија, соопшти израелската армија.
На социјалните мрежи кружеа слики од труп кој личи на Синвар.
Телото на убиениот е во сопственост на израелската армија и ДНК тестот ќе овозможи со стопроцентна сигурност да се утврди дали лидерот на Хамас е елиминиран. Синвар беше назначен на почетокот на август за политички лидер на таа милитантна палестинска група, по атентатот на лидерот Исмаил Ханије во Техеран.
Синвар (61) стои зад нападот врз Израел кој се случи на 7 октомври минатата година. Тој помина 23 години во израелските затвори пред да биде ослободен во 2011 година како дел од размена на затвореници.
Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас претседава со итен состанок на Извршниот совет на Палестинската ослободителна организација на кој ќе се разговара за тековните случувања по убиството на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, објави саудискиот канал Ал-Хадат.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.