03 Декември, 2024
0.0252

ИЗРАЕЛ СЕ БРАНИ НА СЕДУМ ФРОНАТ ОД ХЕЗБОЛАХ, ХАМАС, ХУТИТЕ...Нетанјаху имеше видеообраќање

Објавено во: Свет 06 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека една година по терористичкиот напад на Хамас, Израел се бори на седум фронта.

„Денес Израел се брани на седум фронта против непријателите на цивилизацијата“, рече Нетанјаху во видео-обраќањето објавено денеска, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој појасни дека тие седум фронтови се на север: Хезболах кој ја има поддршката од Иран, Хамас во Газа, Хутите во Јемен, терористите од Западниот Брег и шиитските милиции во Ирак и Сирија.

„И ние се бориме против Иран, кој минатата недела истрела преку 200 балистички ракети директно кон Израел и кој е на седум фронтови против Израел“, додаде Нетанјаху.

Тој додаде дека го одржува своето ветување за промена на рамнотежата на силите на северот, меѓу Израел и Либан.

Израел извршил речиси 9.000 напади врз Либан од 8 октомври, додека Хезболах извршил 1.500 во истиот период.

Кога станува збор за Газа, Нетанјаху рече дека Израел има право да се брани и дека преостанатите заложници кои ги држи Хамас, 101 од нив, не се заборавени. Посочи дека се залагаат со сите сили да ги вратат дома. Премиерот на Израел вели дека францускиот претседател Емануел Макрон и другите земји треба да се срамат што повикуваат на прекин на испораката на оружје за Израел.

„Бидете уверени, Израел ќе се бори додека не ја добиеме битката, за доброто на нашата безбедност и за доброто на Израел и безбедноста во светот“, рече Нетанјаху.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, од 7 октомври минатата година во Газа починале 41.825 лица.

Во израелските напади врз Либан минатиот месец, според податоците на либанското Министерство за здравство, загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а речиси 7.500 беа повредени.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото