18 Декември, 2025
0.0834

Израел: Војникот по кој се трагаше загинал, не е киднапиран

Објавено во: Свет 03 Август, 2014 10:31

Добивај вести на Viber

Израелската војска соопшти дека војникот, кој исчезнал во Појасот Газа, а за кого се веруваше дека го киднапирале припадници на Хамас, всушност загинал во борбите тој ден. Исчезнувањето на израелскиот војник Хадар Голдин, за кој се веруваше дека го држат припадници на палестинското радикално движење, всушност беше причина за нови уште пожестоки напади на Израел врз Газа. Припадниците на Хамас инаку негираа дека го киднапирале 23-годишниот војник и го држат во заробеништво. Тој инцидент предизвика неуспех на планираното тридневно израелско-палестинско примирје по само неколку часа откако беше воведено. Израелската војска сега со ДНК анализа утврдила дека војникот загинал, иако неговото тело не е пронајдено. Израелскиот министер за одбрана Моше Јаалон се сретна со семејството на војникот за да им изрази сочувство. Со смртта на Голдин бројот на загинати во конфликтот на израелска страна се искачи на 67, од кои 63 се војници. Тоа е најголем број жртви за Израелците од војната со Либан во 2006 година. Во Газа, пак, загинаа околу 1.700 Палестинци, од кои најголемиот број се цивили. Израелската војска и утрово ја продолжи офанзивата во Газа, првенствено со воздушни напади, откако синоќа започна да се повлекува дел од копнената израелска војска. Во телевизиско обраќање доцна синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху навести дека војската ќе ја преиспита ситуацијата по уништувањето на тунелите кои Хамас ги користел за влез на израелска територија под границата. Сепак, во исто време, Нетанјаху го предупреди Хамас дека ќе плати „неподнослива цена“, ако продолжи да дејствува со ракети кон израелска територија и дека сите опции се во оптек.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“