Добивај вести на Viber
За седум години извозот на јунешко месо од Србија во ЕУ се намалил за речиси седум пати. Ако државата не помогне, наскоро оваа гранка на сточарството би можела да згасне, пишува Б92.
Експертите укажуваат дека извозот на јунешко му донеле на српскиот буџет значителни средства, но дека земјата користи само 20 посто од можностите кои ги нуди европскиот пазар.
Најновите податоци покажуваат дека во 2006 година во Србија имало 600 илјади регистрирани грла телиња, сега има 155 илјади и веројатно уште толку во сивите зони.
Експертите укажуваат и на тоа дека производството и преработката на јунешко месо би вработило повеќе луѓе, а самиот извоз на тие преработки е далеку по вносен од извозот на суровина.