15 Декември, 2025
0.0419

Извештајот на Судскиот совет за начинот на кој било судено во случајот на Телеком во завршна фаза – на јавна седница ќе се разгледуваат предлог-мерките за судијката известител

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2025 12:49

Добивај вести на Viber

Деновиве се очекува да биде финализиран извештајот на Републичкиот судски совет, кој заседаваше по поднесена претставка за судијката известител во случајот на Телеком и компанијата Фокус нет од Штип. Расправата за одговорност на судијката известител од Апелација, следеше откако претходно Републичкиот судски совет на јавна седница усвои извештај во кој беа констатирани низа незаконитости во постапката. Меѓу другото, во извештајот беше констатирано дека биле потпишани записник и пресуда без да се видат списите за предметот, како и дека пресудата со која се преиначува првостепената одлука била донесена без одржување на јавна расправа, што е спротивно на Законот за парнична постапка.

Согласно постапката, Републичкиот судски совет по изготвување на извештајот ќе закаже јавна седница на која ќе се презентираат наодите на овој документ и ќе се расправа за евентуални мерки за судијката известител. Ова нема да биде прв случај за преиспитување на работата на судиите од страна на РСС. Минатата година беше разрешен и судијата Лазар Нанев, а во својот извештај РСС утврди дека покрај другото, бил во телефонска комуникација со обвинет кому му судел.

За истиот предмет предистражна постапка води и Основното јавно обвинителство, откако вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски го испрати предметот за натамошно разгледување. Се работи за спор стар повеќе од 20 години.

„Предметот е заведен во републичкото обвинителство по допис на Министерството за транспорт и врски. Дополнителнo е прибавен од Судскиот совет извештај бидејќи имало претставка. Предметот е во фаза во која е донесена мерка со која е спречено да настанат штетни последици додека се утврдат моментални штетни последици. До таму е предметот“, изјави на брифингот за новинарите Гаврил Бубевски, шеф на скопското обвинителство, во декември минатата година.

За овој предмет, пред отворањето на истрага од страна на ОЈО и пред расправата и извештајот на РСС, претходеа и контроверзии во известувањето во Апелација. Имено, откако судот преку соопштение ги отфрли наводите за евентуални неправилности или надворешни влијанија врз донесената пресуда, следеше демант од истата институција во кој судот се огради од своето претходно соопштение и објасни дека првото било став на судечкиот совет, а не на Апелациониот суд Скопје.

Трагичната смрт на младата Фросина Кулакова го зголеми притисокот врз судството, кое и претходно имаше ниска доверба, заради тоа што возачот иако имал и претходни дела, наместо санкција добил само воспитна мерка и укинување на притвор. Огромниот јавен притисок за одговорност на правната фела и владеење на правото поттикна и политички потези, па партијата Левица најавува и предлог за законски измени, ограничен мандат и кривична одговорност за судиите.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

Скопјанец пријавил дека син му е исчезнат

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

(ФОТО+ВИДЕО) Скопје блесна во новогодишно руво

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење