17 Декември, 2025
0.0490

Извлечени добитниците на надоместок за соларен колектор

Објавено во: Економија 08 Јуни, 2013 16:00

Добивај вести на Viber

Денеска во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се одржа Јавното извлекување на лицата кои ќе го остварат правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство, по петтиот јавен повик за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинства за 2013 година. -Со посебно задоволство ќе ве информирам дека заклучно со крајниот рок во јавниот оглас, кој траеше до 31 мај, во Министерството за економија се пристигнати 3.271 барања за чија реализација се предвидени 6 милиони денари. Тоа е навистина голема бројка, но радува и  фактот што се’ повеќе стануваме свесни дека со воведување на соларен термален колектор, едно домаќинство во својот дом годишно може да заштеди околу 2.400 kWh, а финансиските заштеди за една година би изнесувале околу 13.000  денари, согласно последната цена на електричната енергија во Република Македонија, информираше министерот Сараќини. Министерството за економија по петти пат ја спроведува оваа стимулативна мерка, која оваа година по втор пат се реализира по пат на јавно извлекување на добитниците, кои ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра. Имено, Министерството за економија досега има субвенционирани 1901 домаќинства (2007 и 2009 година по 500 домаќинства, во 2011 година 420, а во 2012 година 481 домаќинства) и за оваа намена до сега се исплатени 27.855.001 денари од Буџетот на Република Македонија. -Како надлежно министерство за следење на работите од областа на економијата, главен приоритет на Владата на Република Македонија е да го подобри квалитетот на животот на своите граѓани а истиот  приоритет го применува и во енергетскиот сектор, преку политики и мерки кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија, како и унапредување на енергетската ефикасност, стои во соопштението од Министерството за економија.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје