06 Мај, 2024
0.0384

Извозот крахира, некој ќе треба да ја плати сметката

Објавено во: Економија, Колумни 08 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Економската размена со странство веќе неколку месеци регистрира негативни трендови. Од почетокот на годината заклучно со месец април, статистиката потврди дека состојбата со извозот воопшто не е розова. Врз негативниот тренд позитивно не успеаја да влијаат ниту  извозните капацитети на странските инвеститори во земјата. Додуша, нивниот извоз расте, но не со такво темпо со какво опаѓа извозот од домашните бизнисмени. Со ова само се потврди дека колапсот на домашниот извоз не можат да го надоместат странците што пак налага, итно преиспитување на местото и улогата на странските директни инвестиции во развојот на земјата. Не само поради нивните нето ефекти, туку, пред се‘, поради јавно гаените илузии дека во нивното се‘ поголемо присуство во земјата е шансата на мaкедонската економија. Имено, она што се гледаше во трендовите на економските текови пред 2-3 години, сега излезе и на виделина. Со други зборови, од почетоков на годинава се остварија укажувањата за неповолните трендови кои се гледаа во моделот на  макроекономската политика, кој генерира ниски стапки на економски раст и нерамнотежа во економските односи со странство. Во првите три месеци од годинава во однос на истиот период од минатата година обемот на вкупната стоковна размена со странство беше помал за 11,8%. Притоа, извозот се намали  за 8,1%, а увозот за 14,3%. Поголемиот пад во април само ги влоши параметрите. Падот на обемот на вкупната размема во првите четири месеци од годинава изнесува 13,1%. Извозот е помал за 11,4%, а увозот за  14,2%.   Покриеноста на увозот со извоз, по континуираниот пораст со активирањето на странските капацитети, се срози од 79,4% во јануари на 58% во април, а просекот за четирите месеци  изнесува 67,6%. Ова е неповолен тренд кој доколку продолжи мошне неповолно ќе се одрази и врз растот. Ќе трпи увозно зависното стопанство и увозно зависната потрошувачка во земјата. Извозот и увозот опаѓаат во сите сектoри. Ваквите движења секако имаат врска со минималниот пораст  или пад на производството во сите сектори на стопанството. Во овој контекст загрижувачки е растот на  физичкиот обем на индустриското производство во истиот период-само 2%., додека просекот во претходната година изнесуваше 4,8%. Индикативното значење на овие неповолни трендови е уште поголемо ако се има предвид дека тие се случуваат во време на зголемен пораст на странските долгови. Бруто надворешниот долг на крајот од минатата година се приближи до износот од 6 милијарди евра и достигна учество од 69,8% од БДП. Многу се задолжуваме без   ефекти во извозно преструктурирање на стопанството. Како да не ни е грижа кој ќе ги враќа долговите кога нема да можеме да се задолжуваме за да ги враќаме обврските што ќе достасуваат спрема странство. Значајно предупредување е и тоа што веќе стагнираат и девизните приливи од странство. И  девизните резерви на земјата се намалија за над 90 милиони евра во однос на крајот на минатата година. Да не зборуваме за буџетскиот дефицит. Тој е на граница од која мора да се смалува. Но, за жал, популистичките ветувања и понатаму буџетскиот дефицит го туркаат нагоре. Годинешните извозни резултати, признавале или не, ја расипуваат идиличната слика за очекуван највисок економски раст во Европа-3,8%. Дури и да се оствари, ако не дојде до пресврт во извозните активности, ќе се влошат клучните параметри во економските односи со странство, а со тоа и можностите за нови задолжувања, било за сервисирање на старите долгови, било за репродукциони потреби на стопанските субјекти. А тоа секако неповолно ќе влијае врз остварување на очекуваната стапка на раст. Од овој аспект гледано веќе треба да се има поголема резерва во однос на остварувањето на предвидувањата, па биле тие и од меѓународни институции. Тие можат и да се во право ако сметките покажуваат дека растот се темели врз инвестициите во инфраструктурата и врз домашната потропувачка. Меѓутоа, за нас е важно растот да е воден од пораст на извозот, како основа за одржлив развој, затоа што на крајот „ручекот“ ќе мора некој да го плати . Впрочем „ручеците “во иднина ќе можеме да ги плаќаме само доколку парите ги заработиме во сопствената економија, со сопствен труд, во спротивно полека но сигурнио нема ни да ни ги послужуваат. Реалните економски текови во почетокот на годинава, значи, не оставаат простор властите вината за колапсот во економските односи со странство да ја припишуваат на политичката криза. Уште помалку за неа да ја оптужуваат опозицијата. И врапците знаат дека на кризата и‘ кумуваа властите со тоа што веќе неколку години наназад воспоставија автократски систем и врз таа основа длабоко забраздија  во невидено насилство во вршењето на своите активности, не воздржувајќи се од бројни незаконски постапки и однесувања, дури и во загрозувањето на основните човекови слободи и права. Затоа само власта е и ќе биде одговорна за натамошното влошување на  состојбите не само во економијата туку и во останатите сегменти на  општественото живеење. Раскалашеното трошење кое се реализира по сите основи, почнувајќи од оние кои на прв поглед се најкорисни за граѓаните, па се‘ до спомениците, барокните фасади, како и предку анексите на договори кои неколкукратно ги зголемуваат цените на чинење на проектите, ќе мора некој да го плати. А тоа ќе биде потешко доколку економските политики не создаваат потенцијал овие пари да се заработат во домашната економија. Обврската се мултиплицира со тоа што добар дел од народните средства (кумулирани во буџетот) не само што не се рационално, продуктивно потрошени, туку се и незаконски (криминално) расточени во приватни џепови, пред се‘   од страна на владината врхушка. И тие пари овој народ ќе мора да ги врати, без разлика на која политичка опција и‘ припаѓа во моментов. Се разбира, ако претходно не им ги одземат од тие што недомакински и противзаконито ги однесоа, прво надвор од касата на државата, а потоа добар дел од нив и надвор од државата. Д-р Крсте Шајноски

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?