15 Декември, 2025
0.0282

Извозот на Украина во ЕУ повеќе не е без царина

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2025 12:37

Добивај вести на Viber

Европската Унија дозволи да истече рокот на важност на трговските отстапки за Украина, со што завршува системот на ослободување од царини воведен веднаш по почетокот на руската инвазија врз земјата во 2022 година. 

Според Европската комисија, транзициските мерки истекоа на полноќ, а претходните договори ќе останат во сила додека не се постигне нов трговски договор, јави ДПА. Оваа промена значи дека украинските производи повторно ќе бидат подложни на тарифни квоти според претходниот договор од 2016 година.

Во јуни 2022 година, ЕУ ги укина царините за украинскиот увоз како дел од напорите за поддршка на економијата на земјата зафатена од војна. Мерките беа продолжени минатата година, но со воведување на построги ограничувања за одредени земјоделски производи, како што се жито, јајца и живина.

Отстапките предизвикаа протести од земјоделци во неколку земји-членки, особено во источниот дел на ЕУ, кои се пожалија дека евтиниот украински увоз ги потиснува домашните производители. Во Франција исто така имаше барања за построги царински мерки.

Според европски дипломати, националните земјоделски интереси одиграле значајна улога во дебатата за укинување на отстапките.

До крајот на 2025 година, Украина ќе може да извезува само до седум дванаесеттини од годишните квоти определени според претходниот договор. 

Билатералната трговија меѓу ЕУ и Украина минатата година изнесуваше 52 милијарди евра.Се очекува бруто-домашниот производ (БДП) на Украина да се намали за 35 проценти оваа година, според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објавена на 19 април.

Европската комисија соопшти дека работи на нов договор кој ќе ги земе предвид и загриженостите на земјите членки и потребите на земјоделските производители.


Можеби ќе ве интересира

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета

Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета