ЈА БАРААТ ЗЕЛКАТА ЗА ЗИМНИЦА, АМА ЦЕНАТА ИМ СЕ ЧИНИ ВИСОКА: Годинава и сармата очигледно ќе чини поскапо
Објавено во: Македонија, Агробизнис 28 Октомври, 2024 07:30
Производството е намалено и поскапено, работна рака нема, а и трговците формираат повисоки цени на сите производи, па и на зелката. Вака земјоделците го објаснуваат фактот дека зелката на пазарите чини по 60, 70 денари, а пролетната и по 80 денари.
Овој период луѓето бараат зелка со цел да ставаат зимница. Расолницата и сармата се присутни на македонските трпези и се дел од традицијата.
„Нема доволно зелка, климата си го прави своето. Треба нова стратегија, 100 пати имам кажано. Земјоделците на трговците ја даваат зелката по 30-35 денари за килограм. Таа цена е нормална, а потоа тие ја диктираат цената за потрошувачките. Некој треба да ја мисли таа работа. Многу помалку се сади зелка од порано. За сите култури е исто по селата. Во Василево, на рака се бројат земјоделците, а исто е секаде. Таа зелка што сега ја садат е за расолница, од неа сакаат да земат некој денар. Не се исплати оти беше многу жешко, потребна беше заштита. Порано имаше многу зелка во Пиперево, Просениково. Земјоделците сега се на возраст од по 60 години, млади немаме за производство и сето тоа си влијае“, вели Ристо Велков, од Сојузот синдикат на земјоделски производители во струмичко.
Цената исто така зависи од сортата на зелка, тврдат земјоделците.
„Има недостиг, и 100 денари ќе биде цената на зелката. Никој не сака да работи. Има поевтина зелка, ама таа е тврда. Зависи за што ќе ја консумираат. За сарма е најдобра сортата српски мелез, лесно се витка. Уште е рано. Шпицот е од Митровден. Значи на едно семејство му требаат 15 зелки за едно буре, плус една црвена и таа е скапа, црвената е 70-80 денари килограм. Таа дава боја, но и се консумира“, објаснува Весна Ѓеоргиева, од селото Соколарци, кочанско.
Во текот на летото, невреме проследено со град зафати региони од земјава.
„Град фати во некои делови на Македонија. Нас не нè погоди, но на други им требаше одново расад да купат и по тоа знам, затоа што продавам и расад и зелка. Беше многу жешко летово, а зелката се сади во најтоплото, си треба вода и препарати. На големо зелката е 30 денари за килограм. Според мене цена до 50 денари не е висока, прифатлива е. Различни се луѓето, секој си купува според условите, според платите и пензиите. Можат и за 40 денари да најдат солидна зелка. Народот има навика да прави расолница. Околу 1 ноември до 15 ноември, тој период ја ставаат зелката за расолница и се бара тогаш. Јас произведувам два до три тона зелка и толку место можам да обработувам“, додава земјоделец од Скопје.
Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) последниве години имало големо варирање на количините на зелка. Земјоделците често се водат од тоа која култура ќе помине добро и следната сезона доаѓа до масовно садење на истата, а потоа па се јавува наплив на производи и пак не се целосно задоволни.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/Visioner
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат
Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Град Скопје со препораки: Затоплувајте се само со суво и чисто дрво





