Ја нарекуваат „жена лилјак“, но таа тврди дека коронавирусот не избегал од лабораторија во Вухан
Објавено во: Свет, Корона Вирус 14 Мај, 2021
Коронавирусот не избегал од лабораторија. Д-р Ши Зенгли, од Институтот за вирологија во Вухан, ги демантира новите тврдења дека коронавирусот можеби избегал од нивната лабораторија. Нејзе ја нарекуваат „жена лилјак“.
Правилната истрага треба да биде транспарентна и објективна.
Група од 18 познати научници ја започнаа дебатата дали вирусот избегал од лабораторијата во Вухан преку ноќ.
Предупредувајќи дека нема доволно докази за да се исклучи таа можност, групата му напишала на престижното списание „Сајанс“, повикувајќи на понатамошно истражување за потеклото на Ковид-19, одговорен за глобалната пандемија.
Писмото е потпишано од почитувани научници кои се експерти за истражување на САРС-КоВ-2, вклучувајќи го и Џеси Блум, биолог од Центарот за истражување на рак во Сиетл, Ралф Барик, истражувач на коронвируси, кој работел со научници на Институтот Вухан во Кина и Дејвид Релман, микробиолог и имунолог од Стенфорд.
Светската здравствена организација (СЗО) испрати тим научници во Вухан, од каде се прошири коронавирусот во декември 2019 година, за да го испита потеклото на вирусот. Во светот досега има над 161 милион случаи на коронавирусот.
САД, Бразил и Индија имаат најмногу случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.