26 Декември, 2024
0.0298

ЈА ОБВИНУВААТ ДЕКА ГО БЛОКИРАЛА СИНДИКАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ - Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична против ексминистерката Петровска

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) поднесе кривична пријава против ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска поради сомнение дека ја злоупотребила својата службена положба со тоа што го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на Армијата

Во која НАТО Армија, вели Насковски, синдикатот е блокиран, не се почитуваат одлуките на синдикалниот претседател и средствата се префрлаат на друга сметка и на друго лице. 

„Во периодoт од 1 декември 2023 до 28 мај 2024 година го сопре функционирањето на Синдикатот спротивно на Законот за работни односи, ја сопре уплатата на членарината спротивно на Колективниот договор на МО и го замрзна членството и со сето тоа го спречи синдикалното движење на Синдикатот“, изјави претседателот на Синдикатот, Александар Насковски.

Додаде дека Синдикатот на професионалните војници ќе излезе на протести пред Владата ако, како што рече, блокирањето и криминалот врз Синдикатот не се сопре во најкраток можен рок. За проблемот рече дека се обратиле до министерот Владо Мисајловски, од кого биле игнорирани откако стапил на функцијата, трипати до Владата, од каде што ја префрлиле надлежноста на Министерството за одбрана, но и до претседателката и врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, од каде што досега не добиле одговор. 

„Овој криминал трае цели 11 месеци. Треба да има социјален дијалог, а не да се блокира и крадење на Синдикатот. Професионалните војници бараат решавање на нивниот статус, право на пензионирање по 45 година и трансформирање на работниот однос на неопределено време“, изјави Насковски.

Тој обвини дека одредени структури во Министерството за одбрана многу одамна ги опструираат професионалните војници и Синдикатот секогаш кога, како што рече, војниците ќе си ги побараат своите права. Синдикалниот претседател изрази надеж дека министерот за одбрана нема да премолчи пред овие лица кои сè уште се во МО, а истите ја советувале и ексминистерката да направи вакви кривични дела.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор