05 Декември, 2025
0.0274

ЈА ПОМИНАВМЕ ПРВАТА ТОЧКА ОД КОЈА НЕМА ВРАЌАЊЕ: Светот влезе во нова климатска состојба, научниците предупредуваат

Објавено во: Анализа 16 Октомври, 2025 07:10

Добивај вести на Viber

Светот влезе во „нова климатска состојба“ откако ја достигна првата во низата катастрофални и потенцијално неповратни точки на климатска пресвртница - масовното истребување на коралните гребени, предупредува нов извештај составен од 160 научници од целиот свет

Додека човештвото продолжува да гори фосилни горива и да ги зголемува глобалните температури, последиците од климатските промени повеќе не се ограничени на топлински бранови, поплави, суши и пожари. Научниците предупредуваат дека сега се приближуваме кон точката каде што клучните природни системи - од Амазон до поларните ледени капи - би можеле да се урнат, предизвикувајќи верижни реакции низ целата планета.

„Брзо се приближуваме до повеќекратни точки на пресвртница што би можеле да го трансформираат нашиот свет, со катастрофални последици за луѓето и природата“, рече Тим Лентон од Институтот за глобални системи на Универзитетот во Ексетер, еден од авторите на извештајот објавен во недела, објави CNN.

Коралите паднаа први

Според извештајот, точката на пресвртница веќе е достигната за коралните гребени со топли води. Од 2023 година, океаните бележат рекордни температури, а повеќе од 80 проценти од светските гребени се погодени од најлошото масовно белење во историјата.

„Ги турнавме надвор од нивните граници“, вели Мајк Барет од Светскиот фонд за природа (WWF). Доколку затоплувањето не се запре, „огромни корални системи какви што ги знаеме ќе бидат изгубени“, предупредуваат авторите.

Последиците би биле огромни: Коралните гребени обезбедуваат живеалиште за илјадници морски видови, се неопходни за исхраната на стотици милиони луѓе, генерираат трилиони долари за глобалната економија и ги штитат крајбрежјата од бури.

Следно црвено светло: Колапс на океанските струи

Доколку температурите продолжат да растат, се соочуваме со уште посериозни нарушувања на климатскиот систем. Едно од најопасните е можниот колапс на Атлантската меридијална циркулација (AMOC) - системот на океански струи што ја регулира климата, вклучително и онаа во Европа.

Таквото сценарио би можело да предизвика ненадејно ладење во некои делови од светот, екстремно затоплување во други, да ги наруши монсунските циклуси и да го подигне нивото на морето. „Постои можност колапсот да се случи во текот на животниот век на луѓето што живеат на планетата денес“, предупредува Барет.

Светот не е подготвен за ненадејни промени

Повеќето глобални политики и меѓународни договори се дизајнирани за постепени промени, а не за „ненадејни, неповратни и меѓусебно поврзани промени“, вели Мањана Милкорејт од Универзитетот во Осло.

Затоа, авторите ги повикуваат владите итно да ги намалат емисиите на стакленички гасови и брзо да го отстранат CO2 од атмосферата. Според Тим Лентон, веќе ќе ја надминеме целта за ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, но клучот е да се „спречи понатамошно прегревање и да се вратат температурите што е можно побрзо“.

Не е сè мрачно

И покрај мрачната слика, извештајот нуди и доза на оптимизам. Тој го истакнува „револуционерното забрзување“ во развојот на сончевата енергија, електричните возила, батериите и топлинските пумпи. Откако чистите технологии ќе ги заменат валканите, нема враќање назад, бидејќи почистите опции се и поевтини и поефикасни.

Извештајот доаѓа еден месец пред светските лидери да се соберат во Бразил на самитот за климата COP30, каде што се очекува земјите да ги презентираат своите нови планови за намалување на емисиите до 2035 година.

„Ако не дејствуваме решително сега, ќе ги изгубиме не само коралите, туку и амазонската дождовна шума, ледените покривки и клучните океански струи“, предупредува Барет. „Во тој сценарио, би гледале директно кон климатска катастрофа за целото човештво.“

Тпортал

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?