ЈА ПРИМИВ ПРВАТА ДОЗА НА СИНОФАРМ, СЕ ЧУВСТВУВАМ ОДЛИЧНО: Премиерот Заев ги повика граѓаните да се пријавуваат за вакцинација
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2021 13:00
Точно напладне во
Спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“, вакцината против Ковид-19 ја
прими премиерот Зоран Заев, кој по апликацијата на вакцинта изјави дека ја
примил кинеската од производителот „Синофарм“.
- Ја примив првата доза од вакцината на Синофарм, односно ја примив онаа вакцина која беше на ред, јас не бирав, зошто сите вакцини се безбедни, вакцините се тестирани и проверени. Важно е масовно да се учествува во процесот на вакцинација. Се чувствувам одлично и ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“.. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател, изјави веднаш по вакцинирањето премиерот Заев.
Истовремено потенцираше дека организацијата е навистина одлична, за што им честита на Министерството за здравство, како и на сите волонтери кои се активирани во процесот на имунизација на населението против корона вирусот.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




