ЈА ВКУСИЛЕ И ПОФАЛИЛЕ АМЕРИКАНЦИ, ИНДИЈЦИ, БРАЗИЛЦИ: Кратово си има свој гастрономски „мамец“
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2023
Гости од Индија, Бразил, САД и многу други земји при посета на Кратово ги пробуваат и кратовските пастрмајки. Овој гастрономски „мамец“ го пофалиле многу добронамерници кои дошле во градот. Кратовчани со децении ја подготвуваат кратовската пастрмајлија која се разликува од штипската и велешката.
„Иако оригиналната пастрмајка е со месо, нудиме вегетаријански верзии, некои со туна, некои со зеленчук, иако сепак ние знаеме дека не е тоа исто, но кој не јаде месо може таква да проба. Има една анегдота со поранешниот американски амбасадор Џес Бејли, пред да си оди, пред да ја напушти Македонија го прашуваат дали е за пастрмајлија од Штип или Велес, тој вели Кратово. Го има на јутјуб тоа видео. Еден колега туристички водич ми кажа дека со негов кум, биле во трите градови во Штип, Велес и во Кратово и кога стигнале во Кратово, заклучиле дека најмногу им се допаднала кратовската пастрмајка. Чаденото свинско месо дава специфичен вкус. Јајце само едно се додава по вкус“, рече Лиде Стојановска, туристички водич од Кратово.
Таа работи со туристи од Јужна Америка и вели дека го фалат овој локален специјалитет.
„Скоро имав туристи од Бразил и нив многу им се допадна. Тие сакаат месо. Имав гости и од Индија и нив им се допадна. Во глобала сите што пробале им се допаѓа. Оние кои не јадат месо, земаат вегетаријанска, но не е исто, затоа што сочноста ја дава маснотијата“, вели Стојановска.
Угостителите во градот велат дека годишно се трошат илјадници парчиња, а ако порано ја бараа пастрмајлијата во зима, сега ја консумираат во текот на целата година.
Сестрата на Лиде и нејзиниот татко, Марија и Гоце Стојановски напишале книга во која наведуваат дека Кратово има богата кујна, а специјалитетите од бабите и прабабите се нешто необично, кое треба да го пробаат и странците. Наведуваат дека гастрономскиот туризам се разви последните години и има потенција да расте. Во минатото домаќинките ги печеле пастрмајките во фурна, а специјалитетот се консумирал во зима, посебно за празници.
Се чини дека првата вистинска сторија за кратовската пастрмајка ја има раскажано познатиот југословенски новинар и уредник на Радио Телевизија Белград ‒ Милан Ковачевиќ, уште во 1977 година. Тој во својата тогаш мошне популарната емисија „Караван“ зборува за Кратово со многу податоци за неговата историја, културно богатство и живо наследство. Тој меѓу другото за кратовската пастрмајка вели:„Пекарите во Кратово освен што произведуваат леб и други производи од брашно, прават и еден исклучителен специјалитет ‒ „пастрмајка“.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.