Ја вложила целата заштеда во дрво и платно и од омилената детска игра направила бизнис
Објавено во: Финансии 04 Август, 2017 10:43
„Кога одлучите да работите за себе, тогаш ништо не е тешко бидејќи вие си го кроите животот, ги остварувате соништата и што е најважно, не гледате на времето бидејќи не е залудно потрошено. Луѓето препознаваат кога имате цел, добра идеја и работите од срце. Неодамна една жена ми пријде и токму тоа ми го кажа: дека се гледа оти работам со љубов и душа“-ова се зборовите на Александра Ботиќ (35) од Нови Сад која веќе две години прави шатори за деца.
Таа раскажува дека се нашла во ситуација да избира дали да работи или да ја остави работата која и донесува привремено задоволство, во кое никој не и гарантирал сигурност, каде не постоела можност за напредување и каде била принудена да ја трпи и гуши својата личност, слобода и креативност. Конечно, дала отказ и целата заштеда ја вложила во идејата во која верувала.

-Претходно не бев свој газда, но на секоја работа така и пристапував како да работам за себе и давав максимум. Ниту во еден момент не се сомневав во себе, своите вештини и самата идеја-сигурна е таа.
Размислувајќи за своето детство и безгрижен период на растење се сетила на сите игри кои ги сакала, а една од нив била правење шатори од ќебиња и перници.
-Не постои личност која во својот период на растење не уживала во таа градителска игра-во зима би правеле илго, а во лето шатори- се сеќава Александра.
Додека со сопругот Душан (35) ја развивала идејата за Mushroom шатори, сакале тоа да биде еколошки производ, катче кое може да се надградува и што е најважно да се наследува.
-Пренатрупани сме со пластика, а големите компании од денешните деца прават потрошувачи и со самото тоа им градат вредности. Нам целта ни е да допринесеме на креативниот развој, да поттикнеме зачувување на животната средина, да ги мотивираме сами да направат нешто, поправат, склопат, да развиваат моторика и еден дена да направиме подобар и поздрав свет за сите нас.

Единствени материјали кои ги користат се природни и тоа се квалитетно полно дрво и памук.
Шаторот има 4 нозе, 3 дополнителни делови на кои се навлекува и дрвени чепови кои служат за спојување.
Таа вели дека семејството на нејзиниот сопруг повеќе од 20 години се занимава со изработка на мебел и тие многу им помогнале.
Таа е задолжена за дизајнот, набавка на материјал и се што е во врска со текстил и подоцна со продажба а сопругот е задолжен за производниот дел и изработка на констукцијата. Имаат и неколку дизајнери креативци кои се тука кога имаат многу работа.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





