19 Март, 2024
0.0258

ВЛАДА - БИЗНИС

Јагода ја доби неработната недела, Мила ја засилува активноста, Венко доби пауза, бизнисот се преструктуира

Објавено во: Економија, Колумни 14 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Паузата во борбата против корона вирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период



  

Раде Кончар Сервис, беше првата членка што во март 2005 година ја стави стаклената плочка со обележјето на Стопанската комора на Македонија на својата влезна врата. Во услови кога Комората беше на најниското ниво  тоа беше акт за почит и поздравување. Плочката сè уште е таму, но Раде Кончар се прошири и напредна како една од нашите најуспешни членки. На сликата сме со сопствениците кој успешно го продолжуваат делото на Аце Антевски.


Учесник сум во многу битки помеѓу Владата и бизнисот како што беа: воведувањето на новиот концепт на коморски систем;  воведувањето на системот на бруто плата;  битката околу поврат на ДДВ-то; воведувањето на даночниот систем; царинскиот тарифник; воведувањето на проценката на влијанието на новите законски решенија - РИА системот (Regulatory Impact Assessment); регулаторната гилотиња и слично. Дел од нив добивме, дел изгубивме. Но оваа битка, која сè уште трае, не беше обична. Се дискутираше најдолго, и морам да кажам упорно, но бизнисот не сфати зошто ова прашање му е толку важно. Згора на тоа, Владата ќе добие законско решение со преку 50 исклучоци што доволно зборува дека имало многу сериозна расправа.

Ние сметаме дека таква расправа е потребна и за претстојната агенда во која ќе се отворат суштинските прашања, без кои не може да се замисли излезот од кризата низ која поминуваме. И тука, како на трака се редат прашањата за гасификацијата, која никако да стигне до компаниите; изедначување на условите за инвестирање на странските и на домашните компании; зголемување на средставата во Буџетот за Програмата Д4; проблемите со издавање на одобренијата за градба; парафискалните давачки; холдингот; решителна битка со сивата економија; отворен разговор со невладиниот сектор околу еколошките прашања; со медиумите околу сериозните напади врз бизнисот и големиот број празници кои значат само не работа во услови кога ни претстои општа мобилизација.

Но бизнисот, покрај што бара, нуди и експертска помош за надминување на овие проблеми, и сериозно учество во инвестициските активности, со отворање на голем број работни места. За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија, спроведе мини анкета меѓу своите членки.  Податоците од анкетата покажаа дека 91,1% од анкетираните компании планираат инвестиции воследните 12 месеци. Реализацијата на планираните инвестиции најмногу ќе придонесе зазголемена профитабилност (77,8%); зголемен промет (75,6%); отварање нови работни места (73,3%); зголемен извоз (55,6%) и зголемено производство (51,1%).

Планирани се две конференции во областа на образованието „Високото образование и бизнисот-заеднички предизвици и приоритети“ и „Синергија на партнерите во обезбедување пазарно - ориентирано стручно образование и обука“, сè во функција на вкупните активности меѓу бизнисот и министерството за образование и наука, а претстои и ревакцинација на бизнис заедницата во Србија, наредниот викенд.

Намалувањето на интензитетот на здравствената криза овозможи простор за непосредни контакти со компаниите, наши членки, на нивен терен. Минатиот петок, такви посети имав на компаниите „Раде Кончар ТЕП“ и „Раде Кончар Контактори и релеи“ и можам да кажам дека бев изненаден од напредокот на овие компании во услови на криза, бидејќи видов обезбедена работа, нови менаџерски тимови, проекции за развој и сериозни бројки кои зборуваат за успешноста на нивното работење. Не, дека нема проблеми, но тие се во рамките на барањата кои Стопанската комора на Северна Македонија, во моментов, ги разговара со Владата.



Новиот менаџмент на Раде Кончар Контактори и релеи во кој има спој на младост и искуство, но во кој има и завидни финансиски резултати, и во услови на криза. Една од нашите најстари членки, со која успешно ја продолжуваме соработката.

Утре, ќе ја посетам, една од најдобрите наши фирми, „Актива“ во Штип, иако од мојата последна посета не е поминато многу време.

П.С. Посебно изненадување за мене, е фактот дека нашите членки конечно се осмелуваат да ми предадат и документи за нивните апсурдни случувања со администрацијата, кои после деталните проверки, ќе ги изнесам во јавност.

Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

ДА НЕ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: Сенатор бара САД да усвојат 32-часовна работна недела

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ, НО НЕ И „БЕНЗИНЦИТЕ“ - еве како се менуваат цените на горивата по полноќ

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

РОМАНЦИТЕ СЕ МАЧАТ СО ВИСОКА ИНФЛАЦИЈА: Во кои европски земји таа е најниска?

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

Велковски: 2.252 лица добиле социјална помош, а имале возило

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

СТАВЕН ПОД ЗАЛОГ ИМОТ ВРЕДЕН 1,8 МИЛИОНИ ЕВРА - „Неметали Огражден“ од Струмица извести за голема зделка

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Албанска компанија ја купи „Студио Модерна“ во Македонија

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

Со што „Макпетрол“ ќе ги израдува акционерите, но и вработените?

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте

ГОЛЕМ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Побарувачката за „црното злато“ ќе расте