19 Декември, 2025
0.1045

ЈАКИМОВСКИ: Соочени сме со колапс на ЈП „Паркови и зеленило“

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2025 18:50

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека се соочени со колапс на ЈП „Паркови и зеленило“. 

Рече дека за вакво неработење граѓаните на нивната сметка секој месец уплаќаат надомест за одржување на зеленилото. 

„Очигледно дека оваа пролет во целост го изгубија својот здив и не успеваат да го окосат ниту зеленилото покрај булеварите и главните сообраќајници. Пред триесетина дена ни рекоа дека немаат бензин. Неколку дена им дававме бензин. Потоа не известија дека им се расипале косилките и дека немаат резервни делови. Продолживме ние, со нашите капацитети, иако не е наша работа, да ја косиме цела општина. Но, ги замоливме барем да ја соберат, (изгребат) окосената трева. Ни ова не го прават. Но денешниов ден за мојава долгогодишна кариера е посебен! Имаме ваква ситуација: Бидејќи покрај булевар Теодосиј Гологанов и Адолф Циборовски воопшто не е окосено (се појавуваат влекачи, напаѓаат крлежи), по реакција на граѓаните ги замолив косачите што ги плаќа општина Карпош да го окосат тој дел. Денес ми се јави еден од косачите и ми вели: „Шефе, дојде еден инспектор од Град Скопје и ми бара лична карта да ме казнел зошто не сум смеел да косам, оти ова зеленило било нивно. Те молам кажи ми да му ја дадам личната карта? Да не му ја дадам? Или да го треснам со косилкава по глава?“ Почитувани граѓани на Карпош, Искрен да бидам не знам што да му одговорам на кутриов работник. За прв пат во животот немам одговор. Ве молам за помош! Дали нашиот работник (косач): а) да се легитимира? б) да одбие да се легитимира? в) да го тресне инспекторот со косилката по глава?“, регира тој.

За хигиената во Скопје има многу забелешки. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот