24 Ноември, 2024
0.0287

Јана Василевска: Излезете масовно на протест за сериозно да се сфатат барањата за чист воздух

Објавено во: Македонија, Интервјуа 28 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Утре во 17 часот започнува протестен марш за преземање конкретни мерки за надминување на алармантната состојба со загаденоста на воздухот и негрижата кон животната средина која создава страшни последици. Јана Василевска од организацијата Fridays for Future вели дека ќе започне Зелена револуција и дека протести ќе има се додека не се надминат тешките состојби па дури ќе се повика и на бојкот на предвремените избори во април. Дефинирани се 250 конкретни барања и овој пат, а протестот се очекува да биде еден од најмасовниот досега. Годишно над 3000 луѓе умираат како последица на загадувањето па затоа мора веднаш да се променат состојбите со животната средина кои се неподносливи.

Фактор: Кои се клучните барања кои ќе бидат претставени на утрешниот протестен марш и што според вас треба итно да се преземе за да се справиме со последиците од загадувањето на воздухот?

Васичевска: Она за кое би сакала да се зборува не е справување со последиците од загадувањето на воздухот – тие се јасни, неизбежна последица на загадениот воздух се зачестени и сериозни здравствени проблеми, неможност за нормално секојдневно живеење и климатски промени. Она што е важно е да се справиме со причините за загадениот воздух, иако би рекла дека никогаш не треба да гледаме на проблемите со животната средина како изолирани проблеми, односно не би требало да се говори само за загадувањето на воздухот, бидејќи тоа секогаш е придружено со загадување на водата и почвата со хемиски отпад, загадување на природата со цврст отпад, но и други општествено-политички и економски проблеми кои заедно формираат еден затворен круг од кој нема излез доколку не го скршиме кругот со меѓусебно поврзување на овие сегменти во една поголема слика. Затоа, особено тешко е да се издвојат само неколку клучни барања од вкупно 250 барања, кои беа дефинирани од страна на здруженијата и невладините и граѓанските организации за животна средина во рамки на постојните пет барања кои Петоци за иднината ги дефинираше и објави во јуни 2019, а кои како такви се однесуваа на решавање на проблемот со климатските промени. Сите 250 барања се конкретни мерки кои се едноставни, реални и изводливи, а се логично продолжение на оригиналните пет барања, бидејќи се меѓусебно поврзани на начин на кој овозможуваат да се адресираат комплексни проблеми кои нема само да делуваат како моментални решенија на горенаведените проблеми со кои во моментот се соочуваме како загадување на воздух, вода и почва, туку на долг рок ќе придонесат и кон решавање на проблемите со климатските промени. Затоа, особено е важно властите сериозно да го сфатат овој проблем и да делуваат по основ на сите барања кои ќе бидат претставени на утрешниот протест. За таа цел, здруженијата за животна средина од различни сфери го дадоа својот професионален придонес и креираа барања кои се реални, со зададени рокови кои беа формирани преку внимателно оценување на комплексноста на секој од проблемите.

Фактор: Дали планирате и понатаму да одржувате протести, можеби и на редовна основа се додека не видиме конкретни чекори и подобрувања?

Василевска: Пред сѐ, да нагласам дека се надеваме дека нема да дојде до ситуација во која ќе треба да поминеме во втора фаза, односно се надеваме дека ќе видиме напредок и ентузијазам од страна на надлежните за исполнување на барањата. Доколку тоа не се случи, во самиот повик за протест е образложено алтернативното решение, а тоа е бојкот на претстојните избори и зачестување на протестите сѐ додека не бидат исполнети барањата, бидејќи не можеме да очекуваме да имаме вообичаено и нормално секојдневие во услови кои наликуваат на пост-апокалипса.


Фактор: Колку граѓански организации досега се вклучија во повикот за протест и колку е важна една синергија за покажување единство и итност во претставување на барањата?

Василевска: Речиси 20 иницијативи се приклучија на протестот и придонесоа во креирањето на барањата и активно го промовираа протестот низ своите мрежи со цел да се постигне масовност која во моментот е повеќе од потребна со цел да се долови сериозноста на проблемите со кои се соочуваме, да се информираат граѓаните за протестот и овие барања да бидат сфатени сериозно. Самото тоа што во моментов утрешниот протест се очекува да биде најмасовниот протест до сега покажува дека синергијата, соработката и искрената посветеност на група луѓе може да биде иницијатор на историски промени.

Фактор: Со какви податоци располагате, колку загадувањето на воздухот е опасно за граѓаните, какви се досега последиците?

Василевска: Според најновиот извештај за квалитетот на воздухот во Европа, објавен на 16.10.2019 од страна на Европската агенција за животна средина, во 2016 во земјава од аерозагадување животот го загубиле 3.580 лица. Дополнително, аерозагадувањето е главен ризик фактор за смрт кај 25 отсто од смртните случаи од срцеви и мозочни удари и кај 4,6 отсто од починатите пациенти со рак на бели дробови,  покажале анализите на Институтот за јавно здравје, правени врз база на меѓународни студии и согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

Секако, повторно ќе нагласам, иако загадувањето на воздухот е највидливо, не секогаш е само загадениот воздух причинител на разни здравствени проблеми, загадените почва и вода од индустриски хемикалии, пестициди и отпадни води имаат значителен удел во хроничните и акутните заболувања, но можат да бидат и извор на различни зарази, тоа значи дека бројката на смртни случаи поврзани со нездравата животна средина може да е значително поголема. Затоа е важно надлежните институции да понудат релевантни, целосни и точни јавно достапни информации, но и да се поттикне истражувачкиот кадар да работи на анализирање и поврзување на овие информации во податоци кои ќе придонесат за подобрување на здравствената состојба на граѓаните преку подобрување на условите во средините во кои тие живеат.

Фактор: Што може секој граѓанин да направи за да го намали своето влијание врз загадувањето на воздухот, но и воопшто, се менува ли свеста со оглед дека незадоволството засега најмногу се манифестира на социјалните мрежи?

Василевска: Ова е интересна тема, која често е мотив за дебата – дали треба да почнеме од себе или да чекаме властите да ни направат услови за да бидеме свесни и совесни граѓани. Од една страна, факт е дека ние сме креатори на нашата судбина и доколку сакаме да видиме промени мора самите да бидеме подготвени да се промениме. Па, токму тие луѓе кои се водечка сила на ова движење се оние кои и самите успеале да излезат од својата комфор зона, да направат промени во сопственото секојдневие и на крај да бараат промени на општествените норми со цел да се направи поголема промена. Од друга страна, очигледно е дека свеста се менува на индивидуално ниво (како во глобални рамки, така и кај нас), но овие промени се мали и спори, додека во моменталните услови на брзо итање кон неизбежниот крах на екосистемите, потребни ни се масовни и значителни исчекори кои може да се постигнат само преку вклучување на властите во управувањето со животната средина на свесен, совесен и промислен начин. Најдобар начин да се направи промена на индивидуално ниво, во моментот, е да се излезе на утрешниот протест.

Најдобар начин да се направи промена на индивидуално ниво, во моментот, е да се излезе на утрешниот протест. Да се дојде со велосипед или пеш, наместо со возило и јасно и гласно да се изрази незадоволството.

Фактор: Граѓанските организации се обидоа преку мониторинг и директна вклученост во работните групи со локалната и централната власт да влијаат на носењето одлуки, но досега конкретни резултати не се испорачани, ниту Планот за спречување на загадувањето на воздухот се реализираше, ќе се бара ли одговорност?

Василевска: Самиот протест е повик за сносење на одговорност – или одговорно извршување на обврските на надлежните кон граѓаните или одговорност во вид на повлекување од функциите и препуштање на истите на личности кои се способни и заинтересирани за одговорно и професионално извршување на задачите и обврските кои доаѓаат со функцијата.

Фактор: Постојат ли обиди повиците за Зелена револуција да добијат политичка "боја", се соочувате ли со таков вид на притисоци?

Василевска: Единствена боја на Зелената револуција е зелена! Петоци за Иднината уште од самото започнување со своите активности се погрижи целосно да биде транспарентна, да изгради сопствен интегритет и да биде платформа „од граѓаните за граѓаните“ со што оневозможи било каква злоупотреба од други структури. До сега не сме се соочиле со било каков вид на притисоци и не очекуваме да ги има, бидејќи нашите ставови се јасни и важат универзално, независно од владејачката или опозициската или било која останата политичка структура. 

 Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип