Јанакиески: 235 илјади граѓани да поднесат елаборат за легализација
Објавено во: Економија 03 Август, 2013 20:45
Најдоцна до 18 јуни следната година геодетските елаборати да се достават до општините за да се запази рокот за легализација. Сите кои до тој рок не поднеле геодетски елаборат ќе ги изгубат правото на легализација, вели ресорниот министер Јанакиески.
- Ги повикувам час поскоро 235 илјади граѓани да поднесат елаборат за да ги легализираат своите домови. Доколку не поднесат елаборат во законскиот рок не ќе можат да ги легализираат објектите, - изјави Миле Јанакиески, министер за траснпорт и врски.
Според него бројката од 2/3 од вкупно поднесените 360 илјади барања за легализација е голема бројка на недоставени елаборати.
- Доколку ова не го решат граѓаните под знак прашалник ја ставаат легализацијата на нивните објекти - вели министерот Јанакиески, потенцирајќи дека сите општини проблемите со легализацијата ги решаваат навремено.
До сега елаборати поднеле околу 130 илјади граѓани, легализирани се околу 60 илјади објекти а само 46 илјади добиле имотни листови.
Надлежните велат засега постои мал интерес за легализацијата. Рокот до јуни следната година е краток, бидејќи геодетските фирми нема да имаат време да ги изготват сите елаборати што се доведува до опасност дел од граѓаните да го изгубат правото на легализација. За социјалните случаи во септември ќе се смени тарифникот за изработка на елаборатите. Цената за нивна изработка ќе се намали за половина но само за објектите до 150 метри квадратни.Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




