05 Декември, 2025
0.0375

Новата компанија која ќе ги гради незавршените патишта од „Алпине бау“ ќе се знае во октомври

Објавено во: Економија, Македонија 07 Август, 2013 14:00

Добивај вести на Viber

Миле Јанакиески, Министерот за транспорт и врски изјави дека новата компанија која ќе ги гради незавршените патишта од страна на банкротираната австриската градежна компанија „Алпине бау“, ќе се знае во октомоври. Пругата што требаше да се изгради, 90 отсто е завршена, но ќе се бара градежна фирма за локалните патишта.

„Во однос на пругата, како што кажав и претходно 90 отсто од работите се завршени и тука нема проблем.Во делот на локалните патишта наплатени се сите гаранции од страна на ЈП „Државни патишта“. Веќе сме во постапка на распишување на нов повик. Бидејќи оди преку Европската банка, целокупната документација е доставена дотаму и чекаме деновиве да биде одобрена. Тогаш ќе следи нов јавен повик каде што ќе можат да се јават градежните компании за дел од патиштата кои беа земени за работа од „Алпине бау“. Очекувам дека во октомври месец ќе склучиме договор,“ изјави Јанакиески.

„Алпине бау“ пред два месеци прогласи банкрот  поради тоа што не успеа да се договори со доверителите за реорганизација на обврските во висина од 2,6 милијарди евра. Фирмата беше ангажирана на изградба на управната зграда на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, како и на рехабилитација на две делници од железничкиот Коридор 10, Табановце - Куманово и Миравци - Смоквица со вкупна должина од 24,1 километри.

.Агенцијата за патишта веќе ги раскина договорите  и во процедура е враќањето на вложените средства преку активирање на банкарската гаранција. Во меѓувреме  избрани се компаниите Гранит ,Бетон и Струга Илинден за довршување на неизградените патишта. Од договорените 47 патишта „Алпине Бау“ имаше завршено само 14 ,додека останите или беа во изградба или не беа воопшто започнати. Вкупната инвестиција на сите проекти на кои работеше „Алпине Бау“ во Македонија надминува 30 милиони евра.

Исто така и во Србија беа раскинати договорите со „Алпине бау“. Претпријатието Коридори Србија обелодени дека ги раскинале сите 4 договори со австриската компанија која ја градела делницата од автопатот Пирок исток –Димтровград и обиколницата околу Димитровград.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје