18 Декември, 2025
0.0637

Јанчев: Ќе му помогнеме на Заев против Мицкоски

Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2018 13:37

Добивај вести на Viber

Митко Јанчев, доскорешен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, за ТВ24 изјави дека тој и Никола Тодоров ќе му помогнат на премиерот Зоран Заев против опструкциите кои ги планира лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој според него, имаат за цел да ги саботираат уставните измени.

Градоначалникот на Кавадарци потврди дека во саботата во Струмица заедно со екс-министерот за здравство Тодоров се сретнале со Заев на негово барање и пеле кафе.

„Ветивме помош против опструкциите од страна на Христијан Мицкоски во делот на уставните амандмани во интерес на државата. Тоа ќе биде транспарентен процес без задни намери за никого. Јас како Митко Јанчев очекувам што повеќе пратеници да се вклучат во процесот на уставни измени се со цел да се подобри Договорот од Преспа и да се зајакне идентитетот за доброто на сите граѓани на Р.М.“ - вели Јанчев за ТВ 24.

На средбата на Заев со двајцата исклучени неодамна исклучени од својата матична партија воопшто не бил споменат притворот на Сашо Мијалков, вели тој. За него, тоа е процес кој го водат правосудните институции и во кој тој и Тодоров немаат намера да се мешаат.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери