Јане Ченто нуди 530.000 евра за да не лежи притвор
Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2018 12:34
Во четврток на 18 октомври во Апелациониот суд во Скопје ќе се одржи јавна седница по жалбата на обвинетиот Јане Ченто за да му биде укината мерката притвор, потврдија негови роднини.
Сестрата на Ченто потврди дека на судот му понудиле гаранција од 530.000 евра за нејзиниот брат да се брани од слобода.
Кривичниот совет на скопска единица претходно му го одби барањето за укинување на притворот на Јане Ченто, претседателот на македонското патриотско здружение “Пере Тошев”.
Седницата во скопска Апелација е по барање на Ченто додека неговата адвокатка Валентина Тодоровска изјави дека се уште нема добиено покана за присуство на седницата.
Ченто е еден од 33 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, заедно со Митко Чавков, петтемина пратеници од Собранието, учесници на граѓанската иницијативата “За заедничка Македонија”, полициски службеници.
На рочиштето на 16 октомври, треба да сведочи загрозениот сведок, како еден од 36 сведоци кои ги предложи Обвинителството.
Кривичниот суд во Скопје им ги одбил гаранциите на пратениците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода, па и тие имаат можност да ја обжалат одлуката пред скопска Апелација.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




