Јанева и денеска пред пратениците - ќе го презентира извештајот на СЈО
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2016
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и денеска пред пратениците ќе го презентира извештајот за работа на СЈО за период од шест месеци.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата која започна во среда минатата недела.
На дневен ред на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на Јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.
Извештаите на СЈО и на Јавните обвинителства се на дневен ред и на закажаната за денеска напладне 120 пленарна седница.
Изминативе денови расправата помина бурно, со низа обвинувања за Јанева и СЈО.
Попладне „Шарена револуција“ пред Собранието ќе одржи собир за поддршка на СЈО со почеток во 17 часот. Тие сметаат дека власта врши линч врз СЈО. Додаваат дека Уставен уште не се произнесе за СЈО.