Јанева: Приведениот истражител го носиме во СЈО и се враќаме во УБК
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2016
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева даде изјава пред полициската станица Беко за приведувањето на истражител од нејзиниот тим.
„Истражителот си заминува со нас за 15 минути. Не сме известени зошто е приведен, кога ќе дојде командираот ќе го прашате колку и зошто е задржан, нас ништо не ни е доставено на писмено. По наша наредба истражителот требаше да лоцира еден човек каде живее и за тоа не треба наредба тој одговара пред мене, изјави Јанева.
Обвинителката посочи дека УБК го избркала вториот истражител кој имал добиено насоки за дејствување.
„Сега одиме право во УБК, таму друг истражител е распореден на дежурство. Станува збор за два различни истражители за два различни случаи“, прецизираше Катица Јанева.
Таа посочи дека наредбата од судот треба да се спрове докрај и затоа ќе се вратат во УБК каде истражителот е избркан и се уште е во дворот на МВР.