Јанева се извинува на пратениците - во меѓувреме побарала лекарска помош
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2016
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева преку соопштение објавено на веб страната на СЈО се извинува што мораше попладнево да го напушти Собранието, откако ѝ се слоши.
„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата“ – вели специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева откако поради влошена здравствена состојба мораше порано да ја напушти седницата на Комисијата.
Во меѓувреме побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.
На комисијата за политички систем вчера и денеска Јанева го образложуваше извештајот за шестмесечната работа на СЈО, а воедно и одговараше на прашања.
Имаше многу прашања и обвинувања упатени на нејзина адреса и на адреса на СЈО.