19 Декември, 2025
0.0569

Јаневска: Нема трајно вработување на образовните асистенти, потребите се менливи

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2025 11:23

Добивај вести на Viber

Не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти зашто потребите во училиштата се променливи, вели министерката за образование Весна Јаневска. Во интервју за Радио Слободна Европа, таа порачува дека ако во иднина се појави можност дел од асистентите трајно да се вработат, тоа со задоволство ќе го прифати, но нема да дава лажна надеж.

Министерката најавува оптимизирање на дел од училиштата, но не прецизира колку од нив ќе бидат затворени. Информира дека некои школи се веќе со клуч на врата, веројатно околу стотина подрачни каде нема деца и таму на градоначалниците им се препорачува да ги пренаменат објектите - за старски дом или некаков клуб.

Во врска со резултатите од ПИСА тестирањата, Јаневска најмала грешка гледа во наставниците, а поголем притисок и  предизвик, како што нагласува, наоѓа кај родителите и целото општество.

-Мојата порака до родителите е да бидат мирни. Министерството, кое е надлежно за ресурсните центри кои што ги објавуваат конкурсите за образовни асистенти, комуницира, е во контакт и врши одреден надзор. Но, сепак, родителите треба да знаат дека најпрво училиштата пријавуваат колку образовни асистенти им се потребни. За тоа треба време, прво да се запишат децата, па училиштата да утврдат колку деца имаат со посебни образовни потреби за да можат да пријават до ресурсниот центар. Образовните асистенти не се трајно вработени. Причината е што потребите за нив секоја година се менуваат. Ако се зголемат потребите, ние го зголемуваме бројот на асистенти, објаснува Јаневска.

Минатата власт завршила со 300 асистенти помалку од оваа година.

-Тогаш биле ангажирани да речеме околу 1 000 асистенти, а сега се ангажирани 1 876 за основно образование. Предвидовме, без да ја знаеме реалната бројка што ја очекуваме и за средно образование околу 150 асистенти и обезбедивме средства за нив. Штом ги добиеме финалните бројки, ќе продолжиме со процедурите за обезбедување образовни асистенти, децидна е Јаневска.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните