19 Декември, 2025
0.0541

Јаневски: Џуџиња, војни, куршуми, ќосиња, предавници, ова излезе и од рамки на ненормалното

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017 20:20

Добивај вести на Viber

Ова не е нормално.

Џуџиња, војни, куршуми, ќосиња, предавници… мислам, јас знаев дека не е нормално, но, ова дури и од границите на ненормалното излегува.

Да сме ние роман, слика, фотографија, архитектура, песна, драмски текст… ќе бидеме класифицирани како тежок шунд и кич и секое едно дело создадено врз база на нас во Македонија, секој нормален би го пратил на студиска и научна опсервација на тим составен од врвни психијатри, социолози, психолози, бајачки, историчари, гатачки, астролози… наместо да го стави во книжарски полици, да го пушти на радио, да го одигра на штиците што живот значат, да го прикаже во галерија или да го изгради.

Оној некни вели ќе имало војна и колку чинел пластичниот експлозив на црниот пазар. Една пред месеци бараше вистински куршуми наместо гумени, а друга зборуваше за Ноќта на Долгите Ножеви. Денес еден вели дека единственото добро што го направило Џуџето од Велес – Рацин, е што умрел на време!!! И сите неразбрани, несфатени, спинувани демек.

ПАТОЛОШКИ ПСИХО-СЛУЧАИ!!! Та и тие, та и сличните со ними, само огледално пресликани од другите страни!

Хорхе не треба да даде мандат на политичар! Хорхе треба да даде мандат на психијатар, кој единствено ќе биде задолжен за институционализирање на оваа фрик проблематика!

За нас како граѓани не е проблем, ќе го почекаме и санирањето на сивите бразди на мозоците на овие појави.
И така влада си немаме, институциите се во кома, а народот мора да живее.
Преживеал и ќе преживее зашто не беше ЛЕНКА РОДЕНА ЗА ТИЈА ПУСТИ ТУТУЊЕ!!!

Непрокопсаници!

Став на Огнен Јаневски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот